Број 2992  петок, 22 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Никој веќе не сака да штеди во денари

Депозитите повлечени во март, во април биле вратени во банките, но во евра

Соња Маџовска

Никој веќе не штеди во денари. Се' повеќе граѓаните и фирмите ги претвораат депозитите во евра. Тие и во април ги префрлале своите денарски влогови во девизни, иако за нив добиваат двојно пониски камати. Во април девизните депозити се зголемени за 40 милиони евра, на сметка на денарските депозити.

Сепак, факт е дека повлечените штедни влогови во март, особено пред изборите, кога беше присутен најголем страв од девалвација на денарот, во април повторно се вратени во банките. Но, факт е и дека сите повлечени депозити, вратени во банките, се претворени во девизи.

Тоа го потврдуваат последните податоци на Народна банка на Македонија, во кои се прикажани состојбите со штедните влогови во април, споредено со претходните месеци. Според овие податоци, вкупните депозити во април изнесувале 2,84 милијарди евра, што е за 30 милиони евра повеќе во однос на март. Априлското ниво на депозити е речиси идентично со тоа во февруари.

Интересно е тоа што повлечената заштеда од 30 милиони евра во март, е целосно претворена од денари во девизи, но има уште плус 10 милиони евра како нови заштеди, кои граѓаните во април ги вложиле во банките во цврстата европска валута. Така, денарските депозити во април изнесувале 1,34 милијарди евра, а девизните 1,49 милијарди евра. Во март, пак, денарските депозити изнесувале 1,35 милијарди евра, а девизните 1,45 милијарди евра.

Експертите сметаат дека стравот од девалвација на денарот граѓаните ги тера да ги претвораат денарите во девизи.

Според НБМ, минатиот месец имало забавено намалување на девизните резерви, а намалени биле и интервенциите на девизниот пазар кои, пак, во март, на дневна основа, се движеле од 500.000 до 2 милиона евра. И од НБМ и од Владата се децидни дека девалвација нема да има и оти граѓаните не треба панично да ги менуваат денарите. Сепак, и во последниот квартален извештај на НБМ се вели дека македонските граѓани сакаат парите да ги чуваат повеќе во евра, отколку во денари.

„Се' поголемото продлабочување на глобалната криза придонесе за натамошно влошување на очекувањата на домашните субјекти, манифестирани преку поголема наклонетост за располагање со странска валута, како форма за заштита од евентуалните ризици. Тоа се одрази врз остварениот нето-откуп на менувачкиот пазар, кој во првото тримесечје од годината оствари годишен пад од околу 45 отсто, укажувајќи на насоката на промена на приватните трансфери“, се вели во последниот квартален извештај на НБМ.

Во извештајот е наведено и дека кај нето-приливите од приватните трансфери се очекува натамошно намалување до крајот на годинава, а се очекуваат нето-одливи и врз основа на исплатена дивиденда кон странските инвеститори.

Врз основа на тоа, се очекува дефицитот на тековната сметка да се зголеми за 29,3 отсто на годишна основа, а ќе изнесува 13,8 отсто од проектираниот БДП, при што товарот за негово финансирање ќе падне врз девизните резерви.


Статијата е прочитана 1534 пати.

Испрати коментар

Од: Bubastis
Датум: 22.05.2009 07:38:48
Ziti majka? Ako e stvarno taka, zosto evroto ne poskapi? Bas bi gi prodal evricive za povisoka cena.
Од: bo
Датум: 22.05.2009 07:40:24
samo neznam sto mu ostana na narodot makedonski da stedi?!
Од: Donald Duck
Датум: 22.05.2009 08:31:45
Do:Bubastis Hahaha....intersno e koga nekoj vakov diletant dava komentari. Evroto ne poskapuva, deka toa se vika DEVALVACIJA, koja porano ili pokasno kje ni dojde na vrata. Pred da komentiras, procitaj si za osnovnite ekonomski zakoni ponuda-potrazuvacka, pa mozda kje ti stane jasno kako NBRM vestacki go oddrzuva kursot na denarot, so pustanje evra na pazarot na pari...no takvoto vestacko oddrzuvanje si ima cena.....se topat deviznite rezervi kako grendlanskite gleceri....progresivno
Од: Anna od London
Датум: 22.05.2009 09:56:34
ako poznavate malku ekonomija i ako pravilno gi analizirate sezonskite vlijanija, kje vidite deka gragjanite vo ovoj period gi menuvaat denarite vo evra i zaradi odmorite koi doagjaat. Porano ako NBRM prikazivase razlicni stapki na depozitite po viduvanje i orocenite depoziti, sega ja ima spoeno metodologijata i ja prikazuva vkupnata stapka na promena na depozitite na mesecna i na godisna osnova. Fakt e deka gragjanite (koi ucestvuvaat so 64% vo vkupnite depoziti) menuvaat denari vo evra i poradi krizata, no toa go pravat pod vlijanie na golemata doza na spekulativni efekti sozdadeni od mediumite, a ne zaradi toa sto denarot realno kje dvira. Treba da znaete deka denarot e 'srceto na ekonomijata' i odluka za negova dvacija ne se nosi od denes za utre. Bi sakala da veruvam deka vlasitite ne se tolku nepismeni za da dozvolat dvacija na denarot vo uslovi na vakva razorna svetska ekonomska kriza oti so toa kje predizvikaat enormni negativni efekti vrz ekonomijata na dolg rok.
Од: b
Датум: 22.05.2009 12:03:56
Бубастис! Премногу си ја читал програмата во 100 чекори, (се разбира, таа, проширената и надоградената). Многу се разбираш во работиве. Да не си завршил и ти факултет во Прилеп?

Најди! во Утрински
Насловна
Владата не' критикува грубо и несмасно
Во Собранието се фалсификуваше гласање
Eкспериментални глувци
Папата дозволи исповед преку Интернет
Власта во романтична идила
Уште една тужба од ЕЛЕМ против ЕВН
Возови без локомотиви
Студентите бараат бесплатно образование
Името „Северна“, Грција се двоуми за јазикот
Дипломатија со и без вратоврска
Овации за Џозеф Бајден во Косово
Колку чини еден пратенички трансфер?
Повторна посета на плоштадот „Тјенанмен“