Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Спаска Митрова добила отказ во Бугарија

Спаска Митрова добила отказ во Благоевград, каде што работела како професорка по англиски јазик за возрасни, но се покажала успешна, тврди бугарскиот весник „24 часа“.

По судскиот процес, Митрова се пресели во Банско, во куќа на активист на националистичката партија ВМРО, а оттаму замина за Благоевград каде што градското собрание и' најде работа и и' додели државен стан. Митрова беше вработена како професорка по англиски јазик во училиштето за странски јазици „Александар“ од страна на локален лидер на владејачката ГЕРБ. Митрова барала да и' бидат слободни понеделниците и петоците, па неколку пати отсуствувала од работа, што било причина училиштето да и' побара замена. Учениците биле тие што кажале дека повеќе им се допаѓа замената и побарале смена на Митрова. „Таа беше ангажирана на пробен период и договорот не и' е продолжен“, изјавил директорот на училиштето.

Митрова неодамна стана член на Европскиот парламент како асистент на парламентарецот Димитар Стојанов од екстремно десничарската партија Атака. Дипломирала англиски јазик на Југоисточниот универзитет во Благоевград. Таа била видена како се вози со кола околу Благоевград што му припаѓал на лидерот на Атака, Волен Сидеров. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 3463 пати.

Испрати коментар

Од: ја
Датум: 03.09.2010 01:08:11
Нашиот народ за ваквите има само една изрека а тоа е „ПРОДАДЕНА ДУША“ но за жал такви има многу особено меѓу изроднициве.
Од: Од мене
Датум: 03.09.2010 01:33:39
100 пати сум ви пишал и ќе ви пишам уште 100 пати. Кога веќе Солун не го викате Тесалоники, зошто тогаш Горна Џумаја ја викате Благоевград. И вие после се правите патриоти.
Од: struzanec
Датум: 03.09.2010 02:35:58
Vakvi kako ovaa ne ni trebaat. Ovaa....duri ne mozam i imeto da i go kazam,......e predavnik na Makedonskiot narod!
Од: Ljupco od Melburn
Датум: 03.09.2010 05:52:07
Ne gledam koj e interesot na citatelite za ovaa statija...
Од: Николов
Датум: 03.09.2010 06:42:01
Таа жена ја живее судбината на Венко Марковски, и како и многу други Македонци прогонувани и затварани од Југословенските власти, спас побарала и нашла во Бугарија.
Од: забеган.
Датум: 03.09.2010 08:37:39
Оставетеја Спаска и честитам на храброста барем јавно се декларира што е.Што е со Патриотиве кои за секој случај имат по два пасоши и Македонски и Бугарски.Тие се опасни ќе дрпнати ќе побегнат.
Од: JAS
Датум: 03.09.2010 08:50:19
Венко Марковски и оваа Спаска имаат само една те иста заедничка судбина дисидентска.Тие побегнаа од Македонија затоа што сакаат Македонија да е Бугарска.Тие се Бугарофили за кои не треба да се потроши ни еден збор.Нивна заедничка особина е дека и двајцата се од Гевгелија и дека побегнале од тука затоа што оваа средина во Гевгелија не сака предавници.Така да знаеш Г-дин Ноколов.
Од: Тута Бугарин
Датум: 03.09.2010 09:13:59
Ха,таа мисли дека ова и’ е Македонија (онаа „Бугарската“), па може да прави што ќе и се посака. Не им успеала пробата. Ех бе гањчовци, кого сè не прибравте таму: В. Димов, ЉуБчо Георгиев(ски)... Бивши директори, министри, парламентарци, премиери... сега и Митрова... Дури, кутрите, и факултет и дадовте. Но најново е што сега поднела барање за македонски пасош, па се чувствува обаче като загрозена Македонка во Б’лгарија. Сте решиле целото ѓубре да ни го соберете. Со среќа нека ви е!
Од: гоце
Датум: 03.09.2010 09:43:52
Факт е дека 1 / 3 од Бугарите се Македонци, и оние Македонци како ви гледаат какви сте перење мозоци и Србомани, стануваат уште поголеми Бугари
Од: tatoo
Датум: 03.09.2010 09:45:55
А што мислеше кога се продаде? Дека ќе и тече мед и млеко и ќе клати врата и зема плата? То е карактеристика на предавници паразити и неработници.
Од: cile
Датум: 03.09.2010 10:23:50
vo mak bila nevrabotena nemala leb da jade vo bug vo evropski parlament opa bato pa bug bila amerika................
Од: kaktus
Датум: 03.09.2010 10:25:21
Е ова ти е прав пример за булшит статија
Од: Karolina
Датум: 03.09.2010 12:05:42
Aj statijata sto nema vrska..tuku i komentarite... Ostavete ja zenata da si go tera zivotot. Ako se cuvstvuva kako Bugarka toa ne nejzino pravo. Dosta i buruckavte vo zivotot, dosta naogate za pravo da i kazuvate vo cii avtomobili smee da se vozi. Poglednete se sebe si, koj vas ve vozi i od kaj tolku zloba i malogragjanstina vo vas. Ako se cuvsvuvate Makedonci, bidete Makedonci (i jas sum) ama bidete i malku poveke luge.
Од: malme svedska
Датум: 03.09.2010 14:05:01
neznam zosto tolku omraza dali ljubomora ili glupavost?kako prvp ima pravo da se izjasni sto se cuvstvuvsa...ako goimat toa pravo srbi,turski,albanci zosto toa se osporuva na drugite???pa se cudite eu bila kurva a vie demokrati...kako drugo sto se sitite pa taa e clen na evski parlament.......
Од: "vodolija"
Датум: 03.09.2010 14:14:36
Blaze i', na taa drzava, Evropski Parlament i skoloto " Aleksandar" koga doziveele da se KITAAT so Spaska Mitrova!? Bravo na Balkanskata civilizacija i inteligencija !!!

Најди! во Утрински
Политика
МПМ подарува книги за училишни библиотеки
Да нема одговорна работа и да е добар домаќин
Државата запленила имот вреден од 15 до 20 милиони евра
Дебрештани бараат турска паралелка
Црвенковски на средба со Мило Ѓукановиќ
Јасни цели за Западен Балкан
Споменик за удавените туристи во Охрид