Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Дебрештани бараат турска паралелка

Нема часови се' додека некој не објасни кога ќе се оствари барањето

Моника Талеска

ПРИЛЕП - Жителите на долненското село Дебреште бараат во основното училиште „Вера Циривири-Трена“ да се отвори една паралелка на турски јазик во петто одделение, зашто, како што велат, нивните деца не знаат ниту една буква од македонската азбука. Тие тврдат дека пред три месеци доставиле барање во Министерството за образование и наука, но до вчера не добиле одговор. Со сомнеж дека нивното барање некој го ставил во фиока и сака да се манипулира со нивните деца, кои до четврто одделение учеле на турски јазик, тие категорични најавуваат бојкот на наставата.

„Се' додека не дојде некој да објасни кога и како ќе се оствари нашето барање, нема да ги пуштаме децата на настава. Тие не разбираат добро македонски јазик. Министерот Никола Тодоров треба да го реши овој проблем и да обезбеди наставен кадар за петто одделение“, изјави Сунел Дурмоски, претседател на Советот на родители. И Сонет Цанески и Исмија Дурмоски ги пренесоа истите ставови на жителите на Дебреште.

Директорката на училиштето, Ајше Муаремоска-Топалоска, исто така, тврди дека одговор од Министерството се' уште нема.

„Родителското барање е проследено до Министерството. Јас не сум надлежна да кажувам каков е законот по ова прашање. Единствено знам дека одговор од Министерството не сме добиле“, додава директорката Муаремоска-Топалоска.

Градоначалникот на Општина Долнени, Абдула Бајрамоски, и вчера не одговараше на телефонските повици, но од Министерството за образование и наука беа децидни. „Ако достават уште едно барање за финансирање на наставниот кадар, проблемот ќе биде решен затоа што не постои законска пречка за отворање паралелка на турски јазик“, објаснуваат од Министерството за образование и наука.


#
Статијата е прочитана 663 пати.

Испрати коментар

Од: sl
Датум: 03.09.2010 01:00:00
redno e da obezbedite nesto poveke za turskata zaednica
Од: јас
Датум: 03.09.2010 09:08:06
Само во ваква банана-држава нејзините жители не го знаат официјалниот јазик на државата...Дали е до жителите , дали е до државата ???
Од: stojce
Датум: 03.09.2010 14:08:39
во селото ДЕБРЕШТЕ живеат околу 5000 МАКЕДОНЦИ СО МУСЛИМАНСКА ВЕРОИСПОВЕД,на кои мајчин јазик им е МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК.Тој родителот што изјавува дека децата не знаат македонски ЛАЖЕ,бидејќи мајчин јазик на сите во ДЕБРЕШТЕ им е Македонскиот.Тој е од некого платен за да врши пропаганда

Најди! во Утрински
Политика
МПМ подарува книги за училишни библиотеки
Спаска Митрова добила отказ во Бугарија
Да нема одговорна работа и да е добар домаќин
Државата запленила имот вреден од 15 до 20 милиони евра
Црвенковски на средба со Мило Ѓукановиќ
Јасни цели за Западен Балкан
Споменик за удавените туристи во Охрид