Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Државата запленила имот вреден од 15 до 20 милиони евра

Според министерот Михајло Маневски, станува збор за конфискација на нелегално стекнат имот

Имот што бил стекнат на нелегален начин, а чија вредност се цени на 15-20 милиони евра е конфискуван во корист на државата. Со вакви бројки вчера излезе министерот за правда, Михајло Маневски, кој појасни дека станува збор за имот што се одзема од лица за кои постојат правосилни судски пресуди.

Одземениот имот, главно, се однесува на судски предмети кои изминативе неколку години беа и медиумски експлоатирани. Од поинтересните предмети Маневски ги издвои случаите на Драган Даравелски и Киро Доцевски, случајот со некогашното трговско претпријатие „Славија“, „Бачило“ на овчарот Иснифарис Џемаили, но и оние што се однесуваат на Миодраг Марковиќ, Живко Ефтимовски и Борко Марковиќ.

Министерот Маневски потврди дека државата конфискувала станови, деловни објекти, хартии од вредност и акции во неколку банки. Токму конфискацијата, според министерот Маневски, е најсилен инструмент во борбата против криминалот.

Министерот Маневски смета дека „последниве години е засилена битката против организираниот криминал и корупцијата. Согласно со Кривичниот законик, никој не може да се стекне или задржи посредна и непосредна имотна корист прибавена со извршено кривично дело. Имотната корист прибавена со извршено кривично дело се конфискува со судска одлука со која е утврдено извршување на кривичното дело“.

Со судска пресуда од поранешниот сопственик на охридски ЕМО, Миодраг Марковиќ, осуден на казна затвор во траење од четири години за перење пари, се запленува вила на Водно, куќа во Охрид, деловен простор во центарот на Скопје, хартии од вредност во банки и во фирми.

Од Живко Ефтимовски, сопственик на фирмата „Фаматек“ од Ресен, осуден за злоупотреба на службената положба, се конфискува имот во висина од 58.652.000 денари, односно семејна куќа во Јанковец и вила во Претор, којашто е одземена од трето лице, на кое осудениот му ја подарил.

Драган Даравелски беше осуден на казна затвор во траење од седум години и неговиот соработник Киро Доцевски на затвор од четири години и шест месеци. Со конфискацијата, од нив се одзема имот во висина од 103.575.167 денари. Од Даравелски се одземени стан во Скопје и деловен простор во Куманово, а од Доцевски стан во Куманово.

Во случајот со „Славија“, за кој е осуден Кирил Кочевски, ќе се конфискува имот во висина од 97.612.997 денари, а за случајот „Бачило“, во кој беа осудени 21 лице, се одземени големи парични износи, но и недвижен имот. Имено, само од нотарот Никола Стојменовиќ државата запленила 4.942.249 денари. Од Крсте Иловски уште 38.981.351 денари, а од Гроздана Манасиевска нови 12,5 милиони денари. Од овчарот Џемаили се земени 152.349 денари. За конкретниот случај во тек се постапки со кои треба да се поништат и хипотеките на имотот на Џемаили. Станува збор за имот што се проценува на 33.410.023 денари. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 768 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 03.09.2010 01:53:10
Koga treba da zede, drzavata funkcionira besprekorno. Koga treba da ti vrati, taa se gubi vo vremeto i prostorot. Za nacionaliziran plac koj denes vredi okolu 30.000 evra, drzavata mi nudi paricen nadomest od 2100 evra.
Од: јас
Датум: 03.09.2010 09:06:28
А тек кулку пари ќе заплени државава кога портокаливе ќе се симнат од власт??? Стотици милиони , евра , се разбира...
Од: dr
Датум: 03.09.2010 09:44:03
Дали ќе им конфискуваат имот на функционерите кои нелегално зимале по неколку плати?

Најди! во Утрински
Политика
МПМ подарува книги за училишни библиотеки
Спаска Митрова добила отказ во Бугарија
Да нема одговорна работа и да е добар домаќин
Дебрештани бараат турска паралелка
Црвенковски на средба со Мило Ѓукановиќ
Јасни цели за Западен Балкан
Споменик за удавените туристи во Охрид