Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Споменик за удавените туристи во Охрид

На крајот од септември ќе биде откриен споменик за 15-мина бугарски ��уристи, кои на 5 септември 2009 година се удавија во Охридското Езеро, пишува бугарскиот весник „Новините“. Според весникот, споменикот е иницијатива на ротари-клубовите во Охрид и во бугарскиот град Пирдоп, од каде што беа поголемиот број Бугари што се удавија откако туристичкиот брод „Илинден“ потона во езерото. Се очекува десетици Бугари да заминат за Охрид на 5 септември во знак на сеќавање на оние што ги загубија животите пред една година.

Според бугарскиот обвинител одговорен за истрагата за инцидентот со бродот „Илинден“, Божидар Џамбазов, македонската страна се' уште не и' ги доставила документите од обдукциите на удавените туристи на Бугарија. Тој објасни дека од македонските власти ги побарал не само протоколите за обдукција туку и документацијата за испитувањето на потонатиот брод и сведочењата на очевидците. Македонија исполнила само дел од барањата.

Обвинителот изјави дека ако бугарските власти ја добијат целата документација, ќе бидат во можност да поднесат обвинение против македонскиот капетан на бродот „Илинден“, Сотир Филевски.

Бугарската организаторка на ��обното патување на 50 туристи во Охрид пред една година, Борјана Георгиева, веќе е осудена за извршување бизнис-активности со кои не се почитува Законот за туризам. За неа е изречена парична казна од 4.500 лева и забрана за комерцијална активност во следните две години.

Македонските власти се' уште водат истрага за капетанот на бродот, 23-годишниот Сотир Филевски. Се верува дека тој го предизвикал потонувањето на бродот со тоа што дозволил да се качат 56 лица, иако бродот е регистриран за превоз на 43 патници, пишува „Новините“.


#
Статијата е прочитана 952 пати.

Испрати коментар

Од: jean luc picard
Датум: 03.09.2010 01:41:25
па само за споменици сме махери, за друго нешто да не' не бива....
Од: Itar Pejo
Датум: 03.09.2010 07:28:36
Vo pravo e Utrinski sto ovaa statija ja stavil vo rubrikata "Politika"
Од: gjoko bugarija
Датум: 03.09.2010 10:12:57
Nie na site napravivme spomenici, samo na tie shto treba NE.Branitelite od 2001 godina site gi zaboravija, a vamu na albancite i na bugarite im praat spomenici.Sramota i grevota.

Најди! во Утрински
Политика
МПМ подарува книги за училишни библиотеки
Спаска Митрова добила отказ во Бугарија
Да нема одговорна работа и да е добар домаќин
Државата запленила имот вреден од 15 до 20 милиони евра
Дебрештани бараат турска паралелка
Црвенковски на средба со Мило Ѓукановиќ
Јасни цели за Западен Балкан