Саук Чешма седум и пол часа без струја
Поради изведување технички работи во дистрибутивната електромрежа, денеска од 7,30 до 15 часот без струја ќе останат голем дел од потрошувачите на старата населба Саук Чешма. Седум и пол часа струја ќе немаат потрошувачите од зградитете број 10, 29,31 и 33 на улицата „Цветан Димов“, потоа жителите од „Стојна Стефкова“, „Коста Абрашевиќ“, „Панче Неделковски“, дуќаните од ТЦ „Безистен“ и другите стопански и нестопански објекти во тој дел од Саук Чешма. Од 9 до 11 часот без струја ќе биде и дел од Црниче, а дел од населбата Кисела Вода и селото Радишани прекин во напојувањето со електрична енергија ќе имаат од 11,30 до 13,30 часот. (Сн.К.)
|