Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Непрописно паркирани автомобили ги блокираат зелените пазари

На Зелено пазарче Пајак-службата дневно отстранува десетина возила

Стана практика тротоарите и влезовите пред зелените пазари да бидат блокирани од паркирани автомобили. Познато е дека на скопјани секогаш им недостасува паркинг-место, иако постојано има и такви кои не се ни трудат да го најдат, па ги оставаат своите автомобили каде што ќе стигнат, притоа узурпирајќи го пешачкиот простор.

Овие несовесни возачи прават сообраќаен прекршок - забрането паркирање на велосипедска патека, тротоар, односно на пешачка патека. Казната за овој вид прекршок изнесува 45 евра во денарска противвредност. Од СВР- Скопје велат дека полицијата редовно патролира и не само што ја регистрира оваа појава, туку и секојдневно ги казнува сопствениците на непрописно паркираните возила. Интервенира и Пајак- службата, но, и покрај се', ефектите не се такви какви што се очекуваа. Речиси секојдневно на сите зелени пазари во Скопје се изрекуваат по петнаесетина казни, а веќе наредниот ден повторно има паркирани автомобили и комбиња.

„На Зелено пазарче дневно, со помош на Пајак-службата се отстрануваат десетина возила, а се изрекуваат од 10 до 15 казни. И пред пазарот Буњаковец се креваат одо 10 до 15 автомобили, а полицијата изрекува по дваесетина казни. На најголемиот зелен пазар во градот, Бит- пазар, во текот на еден ден се подигаат од 15 до 20 возила, а се изрекуваат од 20 до 25 казни“, вели Лиза Бендевска, портпарол на СВР- Скопје.

Останува нејасно ако навистина толку се казнува, а казната и не е така мала, тогаш зошто толкава недисциплинираност на возачите?! (Сн.К.)


Статијата е прочитана 179 пати.

Испрати коментар

Од: скопјанка
Датум: 01.12.2008 10:24:44
Живеам на зелен пазар и можите да замислите како наогаме паркинг место.Прво зошто се дозволува целиот тротоар да биде узурпиран од луге кои своите предмети за продавање ги изложиле на самиот тротоар и го узурпирале а пешаците треба да одат по коловозот,второ зошто се дозволува да се паркираат возила на паркингот кој од отворен иот багазник ги нудат своите производи и луге - пазарџии кои имаат паркирано стари возила на паркингот и кои им служат како магацин не се отстранат и така да се расчисти и онака затрпаниот паркинг а после затварањето на пазарот паркингот личи на една огромна депонија.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Ништо од проширувањето кај Тутунски комбинат и на „Илинденска“
Саук Чешма седум и пол часа без струја
Светски ден за борба против сидата
Назначени четворица к��мунални редари во Ѓорче Петров