Светски ден за борба против сидата
Црвениот крст на Скопје со бројни активности ќе се вклучи во одбележувањето на 1 Декември, Светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА. Централната манифестација ќе се одржи денеска, на Градскиот плоштад, каде што ќе има музичка програма со неколку ѕвезди, ќе се читаат пораки поврзани со ХИВ/СИДА, ќе се прожектираат кратки филмови, а младите волонтери ќе се движат помеѓу граѓаните и ќе делат промотивен материјал. Манифестацијата ќе трае од 16 до 18 часот и ќе биде реализирана со поддршка на Високиот комесаријат за бегалци во Македонија и УНХЦР. Во рамките на Неделата за борба против ХИВ/СИДА ќе бидат реализирани и неколку едукативни предавања за различни целни групи. Целта е подигање на свеста кај младата популација. (Сн.К.)
|