Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите

Возрасните се движеа внимателно поради опасноста од паѓање. На снегот најмногу му се израдуваа децата

Снежана Калабакова



Новиот снег и ниските температури што ја зафатија Македонија вчера го отежнаа одвивањето на сообраќајот, но и движењето на пешаците. Снегот ги покри замрзнатите површини и ја зголеми опасноста од паѓање и здобивање скршеници, па затоа многумина се движеа со страв. Снегот вчера ги фати општинските служби неспремни, па тие потфрлија во расчистување на улиците.

АМСМ соопшти дека на сите магистрални и регионални патни правци низ земјава сообраќајот се одвива отежнато и забавено, по влажни и лизгави коловози, особено во западниот дел. Поради големите количества остатоци снег по коловозите, на патните правци Гостивар - Кичево преку планинскиот преслап Стража и на кракот Маврово - Дебар вчера беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила. Од Меѓуградската автобуска станица и од Железничката станица информираа дека без задоцнувања тргнуваат и пристигнуваат и автобусите и возовите.

Најмногу снег наврнало во Дебар, каде што вчера попладне е измерена снежна покривка од 40 сантиметри, на Попова Шапка 37, а 35 сантиметри беа измерени на Маврови Анови. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во Лазарополе е формирана снежна покривка од 30 сантиметри, а на Кожуф 25 сантиметри.

Метеоролозите и за наредните денови најавуваат мошне студено време, со ниски температури во утринските часови. Денеска и утре врнежите од снег ќе бидат повремени, а ќе ги има во западните делови од земјава. Од понеделник утринските температури ќе бидат под нулата, во интервал од минус 8 до минус 2 степена. Студенилото ќе се почувствува од вторник до четврток кога наутро живата ќе се спушти меѓу минус 13 и минус 4 степени.


#
Статијата е прочитана 946 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Хаос во Скопје, затаија општинските служби
Обуки за 1.200 службеници
Затворен аеродромот „Александар Велики“
Внимателно на Интернет