Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Затворен аеродромот „Александар Велики“

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ од вчера попладне е затворен поради намалената видливост предизвикана од силните врнежи од снег. Одговорните од аеродромот информираа дека пистата е чиста и ги исполнува критериумите за безбедно слетување и полетување, но снегот ја намалува видливоста под дозволените граници. Од тие причини, авионот со патници од Прага, кој требаше да слета вчера околу 14,30 часот, беше пренасочен кон охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, а авионот од Истанбул беше вратен. Уште од утрината беше одложен и летот на „Малев“ од Будимпешта. Со мало задоцнување вчера утрината се реализирале само полетувањата за Виена, Загреб и за Белград.

Патниците кои на скопскиот аеродром очекуваа заминување кон неколку дестинации, вчера останаа да чекаат во аеродромската зграда. Сите планирани полетувања попладнето кон Истанбул, Прага, Будимпешта, Љубљана, Загреб и Цирих беа одложени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, снежните врнежи од денеска ќе се намалат, по што се очекува и нормализирање на работата на аеродромот. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 1084 пати.

Испрати коментар

Од: Turcin
Датум: 30.01.2011 13:14:36
E super barem da vidi Avion i Ohridskiot Aerodrom :)

Најди! во Утрински
Македонија
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Хаос во Скопје, затаија општинските служби
Обуки за 1.200 службеници
Внимателно на Интернет