Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Алармантна малолетничката бременост во Македонија

Само 13,5 отсто од младите користат контрацепција, а исто толку ги посетуваат советувалиштата за сексуално и репродуктивно здравје

Јасмина Јовановска

Малолетничката бременост во Македонија е алармантна. И додека во нашата земја овој процент е висок и изнесува 20 отсто, во Холандија малолетничката бременост е околу 6,2 отсто, во Швајцарија 5,5 и во Шведска 6,5 отсто. Околу 1.700 деца во земјава се родени од мајки на возраст под 19 години, или тоа е седум проценти од вкупниот број раѓања кои изнесуваат околу 24.000 годишно. Само 13,5 отсто од младите користат некаков вид контрацепција, а исто толку млади ги посетуваат советувалиштата за сексуално и репродуктивно здравје. Овие загрижувачки податоци само покажуваат дека младите се сексуално неинформирани или погрешно информирани.

Поради тоа, децата треба сексуално да се едуцираат од најрана возраст. Место сексуалното образование да се вметнува како тема во други предмети, најчесто во биологија, потребно е да има посебен наставен предмет на сите нивоа на образование. Потребна е и широка кампања за промоција на сексуалното образование, која нема да биде насочена само кон младите, туку и кон родителите и наставниците. Ова беше заклучено на јавната расправа „Сексуално образование во Македонија“, која ја организираше Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. во соработка со собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Бесплатните советувалишта, кои Х.Е.Р.А. почна да ги отвора во 2005 година, се корисни, но оваа неформална едукација, како што истакна програмскиот директор, Драшко Костовски, не е доволна и оти за сериозен ефект е потребен координиран и системски пристап на граѓанскиот сектор и на државните институции.

Х.Е.Р.А. и уште 22 надлежни институции и невладини организации направија рамка со препораки за воведување на сексуалното образование во образовниот систем, кое треба да ја зголеми информираноста на младите за сексуалното и репродуктивното здравје, да ги разбие табуата и предрасудите, да ја зголеми свесноста за правата и за заштитата, да превенира ризици од несакана бременост и полови болести.

Со воведувањето сексуално образование ќе се придонесе да се унапредат сексуалното и репродуктивното здравје и младите да се информираат за своите сексуални права за, како што рече заменик-министерот за здравство, Владо Поповски, ќе се разобличат митовите и стереотипите.

Заменик-директорката на Бирото за развој на образованието, Ајше Селмани, информираше дека се подготвени прирачници и обуки на педагози и психолози од училиштата и оти има содржини во наставните предмети приспособени на возраста на учениците. Од прво до трето одделение тие ја учат разликата меѓу половите и добиваат знаења за раѓањето деца, од четврто до шесто одделение за телесните промени, за сексуалното вознемирување и педофилија и каде да се обратат во такви случаи, а од седмо до деветто одделение се запознаваат со контрацепцијата, користењето кондом и со половопреносливите болести.

Пратениците беа едногласни за важноста за едуцирање на младите. Според Зумрете Јакупи од ДУИ, потребно е предметот да биде посебен и да го предаваат предметни наставници, со што учениците уште од основно училиште ќе се адаптираат на темата што позитивно ќе влијае на нивниот правилен физички и емоционален развој.


#
Статијата е прочитана 2435 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 29.01.2011 12:08:47
Е сега забранете и абортус и државава ќе цвета.
Од: забеган.
Датум: 29.01.2011 12:49:05
Па кога несе воведува во Школите сексуално воспитување,,,,,,,,,,,,Ама по пракса за теорија и неје важно.
Од: Горан
Датум: 29.01.2011 15:27:18
За талибанската влада на ДПМНЕ поважно е да воведе веронаука отколку сексуално образование.
Од: Komentator
Датум: 29.01.2011 19:28:29
Ma kakva Biologija kartite tresnete gi na masa...Da se vovede zadolzitelno seksualno obrazovanie kako predmet. vo site ucilista civilni i verski..!! Ziveeme vo 21 vek i seuste nie veruvame deka nasite deca veruvaat vo strkovi...a tie ne prevazisle..ama vo losata strana na prikaznava...Deneska i decata ispod 12 godini koi se bez nadzor na roditeli gledajki poplade TV sakaat da imitiraat sto gledaat... nasite TV kuki ziv sramotilak so programite... Protivnici na sex..obr.. se pravat puritanci...i glumat zagrizenost a ne se grizat od gore napisanoto ili ako nivno dete veke na 14 godini zaraboti bremenost ili teska bolest...!!!
Од: xy
Датум: 30.01.2011 10:20:48
Да се бара проекти преку кои ќе се едуцирале младите,каде главниот акцент би се ставал на контрацептивните срества и заштитата,нели со тоа се дава јасната порака.Продолжете,ама пазете се.Какво лицемерие.Демек ако не се случела бременоста,се ќе си бидело во ред.А дали само бременоста е лошата последица.А,болестите,грижата на совеста заради гревот,комплексите за понатаму,растурањето на браковите заради моментот на вистината.,и т.н.Со еден збор,и да се одстрани бременоста,останува голем дел од морето на неморалот.Но,решение има.Синонимизација на старомодното фундаменталистичко,со современата терминологија.Ете нека било тоа новото одкритие на денешницава,и нека немало врска со она на што сме многу алергични.
Од: Tina
Датум: 30.01.2011 10:45:38
Moya Baba Lenka od Kovanci mi zborubashe. " Eeee, dechinja, ke dojde vreme koga sram ke nestane" Denes jas toa go vikam, Democratija.
Од: jovan
Датум: 30.01.2011 12:57:26
Mora da bile na nekoja "luda zabava"/sala na strana/.Ne e loso ovaa vest da bide so dodatna informacija za profilot na tie maloletnicki.Koj se tie maloletnicki sto zabremenuvaat, od kade se,od koj opstestven sloj se i.t.n. Toa e sepak bitno, bidejki vo drzavava ima i sosema sprotivna pojava.Se poveke "usedlici"na vozrast od okolu 40setina godini,setaat kucinja i macinja,namesto deca. Ispaga deka nekoja "normalna sredina" vo drzavava i nema.

Најди! во Утрински
Македонија
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Хаос во Скопје, затаија општинските служби
Обуки за 1.200 службеници
Затворен аеродромот „Александар Велики“
Внимателно на Интернет