Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Хаос во Скопје, затаија општинските служби

Снегот го отежна сообраќајот и во Скопје, иако екипите на градската Зимска служба уште во раните утрински часови интервенираа на сообраќајниците. Специјализираните камиони кои беа активирани уште во четири часот наутро фрлија 190 тони сол. Со механизација се расчистуваше снегот на улиците и на булеварите, а приоритет имаа подвозниците, надвозниците, мостовите и високите зони кон Водно и Скопска Црна Гора. Градските автобуси имаа проблем да се искачат кон населбите Железарница, Пржино, Радишани... Возилата сообраќаа само до подолните села. На многу релации ретко се движеа автобуси, а граѓаните мрзнеа на постојките.

Неисчистени останаа сервисните и станбените улици, но и тротоарите, бидејќи поголем број од општинските служби затаија. Граѓаните тешко се движеа до постојките, продавниците, амбулантите.

Единствено, кризниот штаб на Општина Аеродром навремено реагираше и веднаш ги организираше сезонските работници за да го чистат снегот, при што беа фрлени 30 тони сол. (Сн.К. - Б.Ш.)


#
Статијата е прочитана 978 пати.

Испрати коментар

Од: debarcanec
Датум: 29.01.2011 13:50:48
e ova e smesno! Vo Debar vo ponedelnikot imase 75 cm i se se odvivase normalno, i patistata se otvorija, a vie Skopjancinjata za 5-6 santini se zaglavivte
Од: aleksandar
Датум: 29.01.2011 14:26:42
i makedonija pat do 11 casot nemase frleno gram sol ili pesok na avtopatot skopje-kumanovo,a naplaka patarina.SRAMOTA
Од: Skopjanec
Датум: 29.01.2011 15:02:42
Sramota e ova!!! 190 toni sol frlile!! Kade?? Vo veter!! Site ulici so iskluchok na bulevarite utrovo bea zamrznati na -1 stepen. Prashanjeto e kako moze da se zamrznati ako e frlena sol!?!?!

Најди! во Утрински
Македонија
Снегот и мразот опасни за пешаците, но и за возачите
Алармантна малолетничката бременост во Македонија
Обуки за 1.200 службеници
Затворен аеродромот „Александар Велики“
Внимателно на Интернет