Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Работник загина во хаварија во касарната „Илинден“ во Скопје

Бајрам Бајрами (34) загина, а негов колега е повреден во котларницата за парно греење

Работник во цивилната служба на АРМ загина, а друг се здоби со полесни повреди во несреќата што завчера се случи во котларницата за парно греење во касарната „Илинден“ во Скопје. Несреќата се случила поради хаварија во инсталацијата во котларницата, соопштија надлежните. Двајцата работници за време на несреќата извршувале редовни задачи во котларницата, каде што досега не биле забележани проблеми.

Трагедијата се случи во четвртокот, околу 12,30 часот. Триесет и четиригодишниот Бајрам Бајрами од Скопје загина, а неговиот две години постар колега И.Б. (36) се здоби си изгореници во пределот на лицето и по телото.

„Двајцата работници работеле на одржување на котларницата. Б.Б. сакал да отвори вентил, но тој експлодирал и работникот загинал на самото место. Од испуштената пареа неговиот колега И.Б. се здобил со полесни повреди и е надвор од животна опасност“, велат од Министерството за одбрана. Од полицијата соопштуваат дека по експлозијата на вентилот, метални парчиња се забиле во главата на Бајрами, а како последица од тоа починал на самото место. По укажаната лекарска помош неговиот колега е пуштен на домашно лекување.

Веднаш по инцидентот на терен излегле истражни органи, кои извршиле увид. Истрагата е во тек и по нејзиното завршување ќе се знае повеќе за причините поради кои дошло до несреќата. Според МО, причина за инцидентот била хаварија на инсталацијата во котларницата за парно греење.

Работниците биле вработени како цивилни лица во служба во АРМ. (Г.А.)


Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Карпа усмрти рудар во „Саса“
Исчезна шестгодишно девојче од мариовско Дуње
Работник на „Гранит“ загина во Украина
Шест загинати во железничка несреќа
Полицајци барале ручек да не напишат казна
Шест загинати во железничка несреќа