Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Карпа усмрти рудар во „Саса“

Младен Митревски (49) бил поклопен од карпа која се одронила при ископ во јамите

ШТИП - Нова рударска несреќа во земјава. Четириесет и деветгодишен рудар загина во рудникот „Саса“ откако го поклопила карпа, што се одронила при ископот. При несреќата е повреден уште еден рудар, но по санирањето на повредите е пуштен на домашно лекување. Несреќата ги вознемири жителите на рударската населба во Македонска Каменица. Надлежните испитуваат кои се причините за трагедијата, во која животот го изгуби еден од најискусните рудари во „Саса“.

Несреќата се случила околу 3,20 часот на хоризонт 15, каде што несреќниот рудар Младен Митревски работел со својот колега, во јамите на рудникот за олово и цинк. Според информациите до кои дојдовме, при откопувањето на руда се одронила голема карпа и на самото место го усмртила искусниот рударски работник Митревски. Карпата полесно го повредила и неговиот колега, кој по укажаната итна медицинска помош од медицинската екипа стационирана кај рудникот, бил пуштен на домашно лекување.

Рударскиот инспектор Ештреф Имери, кој веднаш излезе на местото на трагедијата, вчера не беше достапен за информации во врска со несреќата во рудникот. Максим Прохоров, одговорен за односи со јавноста во овој рудник, изјави дека утврдувањето на причините за несреќата биле во надлежност на рударскиот државен инспектор и на основниот јавен обвинител и истражен судија од Делчево. Прохоров изрази подготвеност да ја информира јавноста за сите детали во врска со трагедијата на рударот кога надлежните служби ќе го кажат своето.

Рударевата смрт отсекогаш ги вознемирувала жителите на рударската населба Македонска Каменица. Загинатиот Младен Митревски бил еден од најискусните рудари, кои работеле во „Саса“. Своевремено тој работел и на одговорни места, бил сменоводител и надзорник во рудникот. Токму и поради неговото работно искуство останува дилемата како се случила несреќата, односно како настрадал Митревски. Истрагата за овој случај е во тек. (И.Б.)

 


Статијата е прочитана 205 пати.

Испрати коментар

Од: MONIKA
Датум: 26.07.2009 05:01:00
zalno, gospod neka gi cuva ostanatite rudari pa i site ziteli na MK

Најди! во Утрински
Хроника
Работник загина во хаварија во касарната „Илинден“ во Скопје
Исчезна шестгодишно девојче од мариовско Дуње
Работник на „Гранит“ загина во Украина
Шест загинати во железничка несреќа
Полицајци барале ручек да не напишат казна
Шест загинати во железничка несреќа