Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Полицајци барале ручек да не напишат казна

Секторот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полицајците Б.А. (26) и К.Ѓ. (29) - службеници во ПС „Кисела Вода“ поради злоупотреба на службената положба и овластување. Според МВР, двајцата полицајци минатата седмица извршиле контрола на такси-возач, при што кај него ја виделе наредбата за исклучување на возилото „мерцедес“ од сообраќајот, што ја издале полициски службеници од ПС за безбедност во патниот сообраќај. Но, Б.А. и К.Ѓ. за да не му напишат казна на таксистот од 1.500 евра за немање лиценца за работа како такси-возач, од него побарале да ги чести ручек во една кафеана. Таму полицајците нарачале јадење и му рекле на таксистот да ја плати сметката од 860 денари. Но, тој немал доволно пари, па платил само 600 денари. Едниот полицаец ја сменил нарачката и сметката изнесувала 580 денари и седнале да јадат. За тоа време таксистот му го пријавил случајот на дежурниот полициски телефонскиот број 192. Полицајците се суспендирани, а од Комисијата за отказ се очекува да им подели отказни решенија, соопшти МВР. (Г.А.)


Статијата е прочитана 831 пати.

Испрати коментар

Од: makedonka
Датум: 25.07.2009 03:39:14
nazdravje neka im e rucekot!!!!
Од: bale
Датум: 25.07.2009 06:09:18
Е де чудо големо за еден ручек.... какви далавери се прават во Полиција, Судство, Здравство... каква пара се врти, па овие за еден ручек ќе ги тераат од работа??????????
Од: Davor Kamenko
Датум: 25.07.2009 09:44:27
Ako ako, neka pocnat i ovie sitno sto zimaat da gi fakaat a i onie sto zimaat ogromni sumi! Znaete zosto treba sitnite? Zatoa sto tie na nas obicniot narod najveke dusata ni ja vadat, vaka i za eden rucek neka go jadat.. Iskreno neznam kako mozele da bidat tolku glupi za eden rucek? Valjda si rekle ovoj ke plati namesto da dade 1500E, ama ete, go utnale covekot! APEL DO SITE, PRIJAVUVAJTE KORUPCIJA!!!

Најди! во Утрински
Хроника
Карпа усмрти рудар во „Саса“
Работник загина во хаварија во касарната „Илинден“ во Скопје
Исчезна шестгодишно девојче од мариовско Дуње
Работник на „Гранит“ загина во Украина
Шест загинати во железничка несреќа
Шест загинати во железничка несреќа