Шест загинати во железничка несреќа
Најмалку шест лица загинаа, а околу 50 лица се повредени во железничката несреќа што вчера попладне се случи во Хрватска. Несреќата се случила откако воз, што сообраќа на релација Загреб-Сплит, излетал од шините во местото Рудине, кај Каштела.
„Примивме педесетина патници, кои се транспортирани со автобус, а станува збор за полесно повредени“, изјави заменик-директорот на болницата во Сплит. (Макфакс) |