Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Нема трага од исчезнатото девојче од Дуње


Ангела Ѓорѓиеска (фото А1)

Web Update: Во МВР пријавени уште три случаи на исчезнати лица

ПРИЛЕП - Шестгодишното девојче Ангела Ѓорѓиеска завчера околу пладне исчезнало од родното село Дуње, без никаква трага. Семејството и полицијата два дена непрекинато вложуваат максимални напори да го пронајдат исчезнатото девојче, но засега без успех. Според Велика Стојкоска, тетка на девојчето, тоа последен пат е видено во друштво на неговата 20-годишна братучетка. Со братучетката отишло на гости кај пријатели во соседството. Девојчето излегло од куќата и се упатило во непознат правец. Никој не знае каде се наоѓа.

„Ќерка ми заминала кај соседите на гости. Ангела излегла зашто не сакала веќе да седи со ќерка ми. Постојано ја бараме, бевме и кај гробиштата, во полето, по нивите, во манастирот, ја бараме со татко и', со мајка и', сите роднини на сите страни. Од Ангела нема глас. Што ни се случи, каде ми отиде девојчето“, зборува низ солзи тетката Велика Стојкоска, крајно вознемирена поради исчезнувањето на внуката.

Семејството не сака да даде никаква изјава. Не сака да го коментира настанот очекувајќи дека полицијата ќе преземе мерки и брзо ќе го реши случајот. Екипи на прилепската полиција се наоѓаат во Дуње во потрага по девојчето.

Тетката Стојкоска додава дека мештаните на Дуње во еден момент слушнале плач на дете, други им рекле дека возило со тетовски регистарски таблички два дена доаѓало во селото, но не контактирале со никого. Постојат сомневања дека шестгодишното девојче можеби е грабнато. Истрага е во тек. (Мн.Т.)

Web Update

23:00, 25.07 - Засега нема никаква трага за тоа што се случило со малечкото девојче Ангела Георгиевска која последен пат е видена во дворот на роднини од селото. Освен полицијата, во организираната потрага се вклучени и родителите, родните и соселаните од Дуње. Во потрагата е ангажиран и хеликоптер на МВР.

Во меѓувреме, според денешниот полициски билтен, во МВР се пријавени уште три случаи на исчазнати лица: 15-годишно девојче од Скопје, 19-годишна девојка од село Пешталево,Прилеп и 67-годишен човек од село Крапа, Македонски Брод. Полицијата не соопштува повеќе детали освен дека се преземаат мерки за нивно пронаоѓање. (МИА)


Статијата е прочитана 2193 пати.

Испрати коментар

Од: aleksandra
Датум: 25.07.2009 04:05:49
zalosno i tragicno i za devojceto i za semejstvoto.Vo Germanija koga ke se sluci takvo nesto,togas stotici policajci so kucinja go "procesluvaat" terenot peda po peda.se nadevam deka dna devojceto nema nisto mu se sluceno i deka se ke zavrsi srekno
Од: Trajanka
Датум: 25.07.2009 21:26:21
Gospod neka e na pomos roditelite da si go najdat deteto zdravo i zivo . Vo Makedonija e mozebi retkost da snema dete. Vo EU sekoj den snemuva deca , zatoa nikoj ne ostava dete samo ni eden moment. Policijata treba da napravi golema akcija isto i televizijata najveke moze da pomogne slika od deteto na site vesti !
Од: Lirim
Датум: 25.07.2009 22:34:27
Aj da se nadevame i da se molime za da e ushte zhiva i zdrava.
Од: ...
Датум: 26.07.2009 01:31:20
bel den da ne vide toj so go kidnapiral
Од: od dana
Датум: 26.07.2009 01:32:34
jas licno mnogy veryvam vo gospo pa se nadevam malata angela ke se vrati vo pregratkite na nezinite roditeli sv.aranngel neka bide so tebe angel i zdrava i ziva da te vrati vo tvojo dom

Најди! во Утрински
Хроника
Карпа усмрти рудар во „Саса“
Работник загина во хаварија во касарната „Илинден“ во Скопје
Работник на „Гранит“ загина во Украина
Шест загинати во железничка несреќа
Полицајци барале ручек да не напишат казна
Шест загинати во железничка несреќа