Излегол од затвор за пак да краде
Скопјанецот Е.Р. (31) пак ќе биде вратен на осумдневен престој во истражниот затвор „Скопје“ откако беше фатен при извршување џебна кражба, која ја извршил само неколку дена по излегувањето од притвор поради слична кражба.
Е.Р. во вторникот околу 12,30 часот влегол во автобус за градски превоз, кој возел од центар кон Бит-пазар. Се доближил до патничка во автобусот, ја вовлекол раката во џебот од нејзината јакна и одзел мобилен телефон вреден 30.000 денари. На Бит-пазар се симнал од автобусот, но, за негова несреќа, бил забележан од полициски службеници што се возеле во автобусот, па набргу бил уапсен. Против него е поднесена кривична пријава, а мобилниот телефон и' е вратен на сопственичката. Е.Р. и но ноември беше уапсен за речиси идентична кражба, по што му беше одреден притвор од осум дена. (Г.А.) |