Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Цело „Идризово“ на штрек поради новиот опасен станар

Стручен тим ќе работи со гевгеличанецот Тони Манџа, кој досега трипати бегаше од затворите

Горан Адамовски


Ладнокрвниот убиец и еден од најбараните македонски криминалци, Тони Кечев (31), алијас Тони Манџа, кој завчера од Бугарија беше екстрадиран во земјава, е сместен во Приемното одделение на „Идризово“. Стручен тим од лекари, педагози и психолози ќе ја испитуваат неговата здравствена и психичка состојба, имајќи предвид дека станува збор за опасен затвореник, кој има склоност да бега од затвори.

„Станува збор за процедура, која мора да се примени кај секое лице што доаѓа во ‘Идризово‘. Откако ќе му бидат направени сите испитувања, Кечев ќе биде сместен во соодветно одделение“, велат од Министерството за правда. Според нивните очекувања, стручниот тим ќе ја заврши задачата за околу еден месец, иако повеќе од јасно дека Кечев ќе биде сместен во затвореното одделение на затворот.

Тони Манџа неколкупати бегаше од македонските затвори, користејќи секакви можности. Последен пат успеа минатото лето од болницата во Струмица откако му била извршена операција на десната рака, што ја повредил крадејќи компјутери и техничка стока од продавница во Струмица.

„Тој успеал да се ослободи од лисиците со кои бил врзан за болничкиот кревет и преку прозорецот, и покрај стражата пред неговата соба, скокнал и побегнал“, велат од полицијата. Набргу сам се предал.

Неговото прво бегство од затвор се случи во пролетта 1998 година. Откако се ослободи од „Идризово“, се упати кон Гевгелија со намера да „израмни сметки со некои луѓе со кои претходно бил во конфликт“. Во центарот на градот усмрти еден полицаец, а го застрела и неговиот сосед. Уште еден полицаец за влакно ја избегна ликвидацијата, бидејќи не бил дома кога Кечев отишол да го посети.

И ден-денес остана мистерија дали Тони Манџа имал изготвено список од педесетина лица на кои сакал да им се одмазди, бидејќи, според неговото мислење, му згрешиле во животот.

При апсењето на Кечев, ранети беа уште двајца полицајци. Откако беше уапсен кај Железничката станица во Гевгелија, беше осуден на 15 години затвор, кои никогаш не ги одлежа. Повторно успеа да побегне од „Идризово“ и да пребегне во Грција, но таму беше уапсен и во 2005 година екстрадиран во Македонија.

Пред неколку недели Тони Кечев бил лоциран во Бугарија, каде што под друг идентитет, односно на име Лазар Маринов Русеков од Софија, издржувал затвор за кривично дело сторено во Бугарија. Македонската полиција испрати отпечатоци и фотографии на осуденикот, па откако неговиот идентитет бил потврден, Бугарите ни го екстрадираа нам. Неговото име се споменува во извршувањето на над 150 кривични дела, а една третина од нив ги извршил како малолетник. Годинава во отсуство беше осуден на 10 години затвор поради разбојништво извршено во група.


#
Статијата е прочитана 4051 пати.

Испрати коментар

Од: здравко
Датум: 10.12.2010 12:57:32
Не треба Тони да го сместуваат во Идризово. Треба да го сместат заедно со Бајруш.
Од: anonimus
Датум: 11.12.2010 03:23:37
ma tipot e legenda,so vakov kako nego pocnavme da licime na amerika i evropa,pa neli e toa sto otsekogas sakavme da staneme??

Најди! во Утрински
Хроника
Македонец фатен со два килограма хероин
Полицајците незадоволни како се делат унапредувања
Излегол од затвор за пак да краде
Двајца пак во притвор поради секс-скандалот
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud