Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Полицајците незадоволни како се делат унапредувања

Расте довербата на граѓаните во полицијата, но во нејзините редови тлее незадоволство од ротациите на работните места

Расте довербата на граѓаните во полицијата и тие се чувствуваат побезбедни во поглед на најголемите грижи што досега ги мачеле, а тоа се злоупотребата на дрога, малолетничката деликвенција, разбојништвата или кражбите. Примарна грижа на граѓаните остануваат „непочитувањето на прописите во сообраќајот“ и „животните скитници“. Сепак, најсериозен проблем останува непочитувањето на професионалните критериуми при унапредувањето во полициските редови. Ова се само дел од резултатите од истражувањето на агенцијата „Рејтинг“ за полициското работење во заедницата во изминативе две години. Истражувањето е спроведено од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје во текот на јули и во август годинава, врз 2.600 испитаници, граѓани и 500 припадници на полицијата. Тоа беше презентирано вчера на работилница за соработката на полицијата и заедницата по повод 9 Декември - Денот на превенцијата.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, оцени дека извештајот е објективен, но потврди дека и покрај зголемувањето на чувството на безбедност и блискоста што ја чувствуваат со полицијата, кај голем дел од полициските службеници постои убедување дека се унапредуваат без оглед на професионалните критериуми.

Според неа, од ова може да се извлече заклучок дека биле поставени вистинските луѓе на вистинските места, без разлика на негодувањето на дел од службениците. Но, истовремено може да се толкува и како несогласување на полицајците со новопоставените барања и критериуми, како и напуштање на стариот начин на работа. „Сепак, тоа не смее да не' амнестира од воспоставувањето на транспарентен систем на кариера во полицијата“, вели Јанкулоска.

Според истражувањето, грижите на граѓаните во однос на злоупотребата на дрога, малолетничката деликвенција, разбојништвата или кражбите, се намалиле од 20 до 25 проценти. Бројот на граѓаните, пак, што сметаат дека полицијата се однесува кон нив фер и со почит се зголемил за 10 проценти.

„Во мултикултурни средини како нашата од особена важност е зголемувањето на довербата на граѓаните и покачувањето за 13 отсто на оние граѓани што сметаат дека полицијата се однесува еднакво кон сите етнички групи“, смета министерката.

„Споредено со претходните истражувања, резултатите за 2010 покажаа подобрување во перцепцијата на јавноста за услугите на полицијата и поголема решеност на граѓаните за вклучување во партнерства меѓу полицијата и јавноста. Исто така покажа позитивен тренд во перцепцијата на полициските службеници за сопствената работа“, изјави амбасадорот на набљудувачката мисија на ОБСЕ во земјава, Хозе Луис Хереро. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 1097 пати.

Испрати коментар

Од: пенелопе
Датум: 10.12.2010 13:29:09
Веќе крајно време е на граѓаните наместо една од примарните грижи (односно жалби кон полицијата) да им бидат „животните скитници“, главна грижа да им биде тоа што во оваа земја нема тротоари нормални и улици, или тоа можеби спаќа во сообраќајни грижи. Почнав да се соменвам дека овој народ има патолошка омраза кон животните. Види богати, у истражување за односот и ефикасноста на полицијата се споменуваат тн „животни скитници“. Не бездомни луѓе, не деца што питачат туку уличните животни.
Од: telemah
Датум: 10.12.2010 17:45:53
Значи главен проблем биле „животните скитници“ и непочитување на сообраќајните прописи. А грабежите на банки, обложувалници, маркети и др. сред бел ден, упадите во приватни домови и малтретирањето, наркоманијата, девијантните однесувања, педофилијата, трговијата со луѓе, посредување при малолетна проституција, шверцот. Искрено се чувствувам небезбедно на улица од криминалци а не од животните скитници, а полиција во близина ни за лек!

Најди! во Утрински
Хроника
Цело „Идризово“ на штрек поради новиот опасен станар
Македонец фатен со два килограма хероин
Излегол од затвор за пак да краде
Двајца пак во притвор поради секс-скандалот
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud