Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Двајца пак во притвор поради секс-скандалот

П.Т. од Кочани и К.И. од Штип, обвинети за извршено кривично дело полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години, по барање на Основното јавно обвинителство-Штип, по два дена поминати на слобода, повторно се вратени во притвор.

Портпаролот на Основниот суд во Штип, Стојан Михов, вели дека од 12 обвинети за овој случај, само на Т.Г. од Штип не му е продолжен притворот и пред судот ќе се брани од слобода.

Во меѓувреме, дел од обвинетите поднеле барања за поднесување на гаранции и ослободување од притвор за да се бранат од слобода. Таквите предлози ќе бидат доставени до Основн��то јавно обвинителство, по што судскиот Кривичен совет ќе закаже седница на која ќе одлучува по поднесените барања на обвинетите.

Според Михов, судските претреси по четирите обвинителни акти за 12 лица, најверојатно, ќе почнат на крајот на декември, а ќе продолжат во јануари 2011 година. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1443 пати.

Испрати коментар

Од: sonja
Датум: 10.12.2010 17:52:33
pa togas da im cestitam srekna nova 2011 godina
Од: goran
Датум: 11.12.2010 07:55:44
Такви ментеши и не треба да се пустат од затвор.Мислат дека имаат пари и може да прават се.И други имаат пари па не се се педофили. Море во затвор по 20 години ништо помалку.

Најди! во Утрински
Хроника
Цело „Идризово“ на штрек поради новиот опасен станар
Македонец фатен со два килограма хероин
Полицајците незадоволни како се делат унапредувања
Излегол од затвор за пак да краде
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud