Совети за децата без родители
Здружението „Градиме иднина Скопје“ ќе им нуди информации и совети на децата, кои по наполнување 18 години, ќе излезат од детските домови. Како што рече претседателот Илија Јовановиќ, децата ќе бидат насочувани каде да се обратат за полесно да си ги решат вработувањето, станбеното прашање или некое друго прашање важно за нивниот самостоен живот.
Тој нагласи дека со досегашната работа Здружението на многумина им помогнало при вработувањето, станбеното прашање, како и при опремување на становите. Јовановиќ информираше дека младинци поединци, но и брачни парови добиле 140 социјални стана на целата територија на државата. (Сн.К.)
|