Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Привршува зградата, се подготвува подземната улица

Инвеститорот ќе почне да ја гради подземната улица по Нова година, што ќе биде единствената сообраќајна врска со објектот

Деспина Трајковска


Инвеститорите на објектот, кој се гради на местото на некогашна Народна банка, се подготвуваат веднаш по Нова година да започнат со изградба на подземната улица што ќе биде единствена сообраќајна врска со деловната зграда. Од „Дивелоп груп“, кој заедно со „Латис“ инвестираат во зградата вредна 10 милиони евра, очекуваат наскоро да ја добијат комплетната документација за да започнат со градежните активности на терен. Истовремено очекуваат да им биде готов и проектот за фасадата на деловната зграда. Според Александар Ивановски, управител на „Дивелоп“, динамиката на изградбата на улицата ќе се одвива забрзано како таа би била готова до 15 март, кога се отвора летната сезона на кејот.

„Ваквите планови се првенствено од наша корист, бидејќи улицата ќе биде единствената сообраќајна врска со објектот чија изградба речиси е во завршна фаза. Иако планиравме да ја започнеме изградбата уште летово, таа не стартуваше од објективни причини. Апсолутно е неточно дека сме се откажале од изградбата, како што се шпекулира во јавноста, туку чекавме да заврши сезоната на летните тераси, а се подготвуваше и документацијата. Нема логика да инвестираме 10 милиони евра во деловната зграда, а притоа да не ја изградиме и улицата, која ќе не чини 10 пати помалку“ вели Ивановски. Подземната улица ќе понира од влезот на паркингот кај „Холидеј ин“, ќе биде шест метри под земја со ширина од 5,5 метри и висина од 3 метри. Таа, практично, ќе се наоѓа под пешачката зона на кејот.

Дури да ги започнат градежните работи за улицата потребна за сообраќајна комуникација со деловниот објект, на него привршува изградбата на последниот, шести кат. Инвеститорите очекуваат наскоро да го добијат и нарачаниот проект за фасадата. Оптимисти се дека комплетно и улицата и зградата ќе бидат готови до пролет. Шесткатницата, која ќе има фасада слична на некогашната Народна банка, ќе ја користат исклучиво деловни субјекти. Од „Дивелоп“ веќе се во преговори со две компании на кои би го издале просторот на користење.


#
Статијата е прочитана 1877 пати.

Испрати коментар

Од: filip treti
Датум: 30.11.2010 18:09:21
Sekoj sto znae da broj najmalku do deset ke vidi deka zgradata koja bese predvidena da ima 6 sprata ima prizemje i osum (8)sprata plus potkrovje. Molam novinarite istrazuvaci barem da se prosetaat i pred da pisuvaat statija gi izbrojat spratovite koi ubavo se gledaat i na snimkata.
Од: ivona
Датум: 01.12.2010 10:04:25
ako ke dobie pozitivno soobrakajno resenie toj objekt ako samo so taa ulica bi imalo pristap do zgradata,pa gi znae li nekoj zakonite i pravilnicite za pristap i protivpozarna zastita nedaj boze da izbie nekoj pozar.

Најди! во Утрински
Скопје
Аеродром во новогодишен амбиент
Сплавови на Вардар како на Дунав
Ќе се избира најубаво украсена тераса
Совети за децата без родители
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice