Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Сплавови на Вардар како на Дунав

За нова плажа и сплавови се планирани 150.000 евра

Нова градска плажа и четири сплава в година ќе го окупираат Вардар од двете страни по текот. Град Скопје веќе подготвува терен за реализација на проектите. Бара фирма што ќе ја изгради потребната инфраструктура, конкретно се бара изведувач на фекалната и водоводната мрежа за потребата на сплавовите и плажата. Според важечкиот урбанистички план, сплавови ќе има на двата брега, на десниот тие се предвидени спроти новиот објект на МНР и музејот на ВМРО, а, пак, на левиот пред колонадата и музејот каде што ќе се наоѓа и втората градска плажа.

Токму овие проекти се едни од капиталните за реализација на Градот во 2011 година и во буџетот за таа намена е планирано да се потрошат 150.000 евра. Од Град Скопје вчера потврдија дека станува збор за капитални проекти, но штуро информираа за динамиката на реализација воопшто за деталите.

„Сплавовите ќе се наоѓаат на локациите предвидени со предметниот урбанистички план, а градската плажа пред музејот. Плажата ќе функционира по истата шема како и постојната, а, пак, за сплавовите сите детали ќе се утврдат со проектите што се во фаза на изработка“ одговорија вчера од Градот.

Единствено е сигурно дека новите содржини околу Вардар сигурно ќе почнат да се градат до пролет, па токму од тие причини надлежните отсега бараат фирми изведувачи. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 4747 пати.

Испрати коментар

Од: Oskar
Датум: 30.11.2010 13:32:55
Se prasuvam, dali Gradot ke angazira plateni manekenki da glumat kapaci, za da ima sto da gledaat vrabotenite od MVR. Dali e ova kraj na frlanje vo veter na parite na graganite ili ima uste vakvi glupi idei.Ke se najde li konecno nekoj umen i hrabar covek da mu stavi kraj na ova ludilo. Ocito e deka ukazuvanjata za neproduktivno-vzaludno trosenje na narodnite e bez uspeh. Po koj toa urbanisticki planovi se gradat ovie objekti koi i koga gi nosi
Од: svetle
Датум: 30.11.2010 14:28:37
Dobro ,be majkamu stara dzabe ke komentirame ...neka otide nekoj pretstavnik od vlasta samo dva casa vo drzavna bolnica i da vidi na koe deredze e narodot , sekade e isto na bilo koj oddel no na endokrinologija ne daj boze da imash dijabetes ,ti se brojat denovite .Tamu li ni odat parite od pridonesite ??? na plazi ???? Sramota,! neka ima i plazi ama neka ima i lekovi...
Од: hirurgot
Датум: 30.11.2010 15:09:21
Bravo za vladata i za prem.Gruevski.Skopje zalici na glaven grad na drzava.I dosega imalo premieri i gradonacalnici no sem "debelo drpanje" na narodnite pari nisto ne pokazaa a kamoli i da napravija.Neka se zasramat pred narodot koj dobro gi znae kakvi bea i kavi se i sega.Sakaat vlast?Gluposti.
Од: Dimitar Vlahov
Датум: 30.11.2010 16:02:55
Dali ke bidat isto taka grdi, kao onie vo Belgrad, osobeno na desniot breg na Dunav? Kolku voda ima vo rekata Vardar, pa da tie plivaat? Dali može da se kapi vo zagadenata, plitka reka? Ušte vo periodot 1945-1963. godfini vardar nemaše dovolno voda za da ima normalna plaža. Eden metar dlabočina na vodata ne e dovolno, a i rekata e mnogo brza za da ima prijatno kapenje.
Од: Луда Мара До: hirurgot
Датум: 30.11.2010 17:37:39
Ура за власта!Скопје заличи на Циркус „Медрано“,а болниците На Полски Вецеа без канализација!Јавното здравство е во Кома,но тоа нема да може да ја задржи ниту пропаста на фаворизираното приватно здравство!Пациентите ќе шетаат како Зомби и ќе се лечат со Налудничавите споменици и псеудобарокните Градби од „ренесансата“ на Пинокио!Ура за власта!
Од: Zabeleška
Датум: 30.11.2010 18:53:55
Aloooooooooooo, nema poveke mesto, ušte li?
Од: expert
Датум: 30.11.2010 19:53:03
ne navleguvam vo opravdanosta, no nikako ne gi praite splavovite drveni, kako na Ohridskite plazi, ke napravite da ima permanentni troshoci... vo tenderot navedete splavovite da bidat od PE cevki, ima vo MK 2 golemi proizvoditeli i duzina mali..
Од: Olivera
Датум: 30.11.2010 22:57:36
Splavovi na Vardar?!? Navistina gluposta nema granici! Do koga li samo ke ni gi trosat parite na gluposti?!? Lugjeeeeee, krovovi pagjaat od bolnici a nie splavovi gradime! E ova e "Selo gori, baba k...ja boli" Katastrofa!
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 30.11.2010 22:58:05
Nee Mara za Gragjanka,pa nee Vardar; Dunav i Sava!-EX NIHILO NIHIL!
Од: Gragjanin od Karpos
Датум: 01.12.2010 01:15:16
Vece napisanite komentari se dovolni.Samo da mu odgovoram na OSKAR za planovite.Se gradi spored GUP za Grad Skopje,odnosno izmenite vo istiot koj ce bidat napraveni otkako ce se zavrsat site glupavi gradbi na vlasta kako SKOPJE 2014 i ovaa sto denes ja komentirate.
Од: Dime Poposki
Датум: 01.12.2010 08:40:43
Splavovi kako na Dunav. Dunav e reka a Vardar vo sporedba so Dunav e potok. Vo leto koga Vardar e obicno potoce, kade ke stojat splavovite. Vo voda ili pesok i sto ke bide toa? ruglo.

Најди! во Утрински
Скопје
Привршува зградата, се подготвува подземната улица
Аеродром во новогодишен амбиент
Ќе се избира најубаво украсена тераса
Совети за децата без родители
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars