Ќе се избира најубаво украсена тераса
И годинава градските власти ќе ја организираат акцијата „Новогодишни бои на Скопје“, во која ќе се избира најкреативно новогодишно украсување во неколку категории. Награди ќе се доделуваат за најубаво украсена тераса или прозорец, најубаво украсен двор од индивидуална куќа и најкреативно новогодишно украсен деловен објект, влез пред станбена зграда и двор во средно училиште. Пријавувањето за акцијата ќе трае до 10 до 20 декември. (Дс.Т.)
|