Аеродром во новогодишен амбиент
Општина Аеродром од викендов има новогодишен амбиент. Бандерите на булеварот низ општината се украсени со светлечки црева и елки во бела боја, на раскрсниците се поставени топки во црвена и бела боја, а во бело светат и борчињата во булеварските жардиниери. Најголема атракција е белото ѕвездено небо на улицата на Тоше Проески во Ново Лисиче, кое е донација на „Линк медија плус“, која општинарите ја ангажираа за новогодишното украсување. Во новогодишно руво општината ќе остане вообичаено до 15 јануари. (Дс.Т.) |