Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Во што е тајната на фалсификаторите на уметнички дела?

Најновата афера околу фалсификување уметнички дела се' уште ја тресе не само Германија, туку и светската музејска сцена, а и приватните колекционери

Колекцијата „Вернер Јегер“ долго време беше една од најпознатите во Германија, чии дела ги посакуваше секој музеј или галерија. Но, во меѓувреме, се покажа дека станува збор за обични фалсификати. На почетокот, кога скандалот околу уметничките колекции излезе на виделина, експертите поаѓаа од четири до пет фалсификувани дела, во меѓувреме се откриени повеќе од триесет.

Со други зборови, може да се каже дека „Вернер Јегер“, една од најпознатите уметнички колекции во Германија, всушност никогаш и не постоела. Првите три осомничени лица на кои им се префрла не директна активност за фалсификување, туку „само“ одговорност за продавање на делата, веќе се уапсени и се наоѓаат во истражен затвор, во Келн. Нивните жртви се многубројни музеи, галерии, но и голем број приватни колекционери и љубители на уметноста. Но, она што е чудно во целата приказна е тоа што фалсификуваните дела како такви со години не беа препознаени од голем број историчари на уметност и разни вештаци. Како е тоа можно?

Се‘ започна со платното за кое долги години се веруваше дека е исчезнато: „Црвена слика со коњ“ на германскиот сликар од експресионизмот, Хајнрих Кампендонка, се‘ додека еден ден, во 2006 година, таа не се појави на аукцијата во Келн, во музејот Кунстхаус Лемпертц. Откако за сликата беа платени 2,4 милиони евра, што е најголема сума што некој платил за дело од овој сликар, на купувачите на платното им стана нешто чудно. И навистина - хемиската анализа на бојата покажа дека ваков вид пигмент во времето кога платното исчезнало, се‘ уште не ни постоел.

Прашањето кое се поставува е секако - зошто пред да биде сликата купена, експертите во споменатиот музеј не побарале слична анализа? Техничките можности, како тестирањето со ултравиолетови зраци и рентгенски снимки, во последните години многу напредуваа.

„Тоа е навистина долготрајна постапка. Овие тестирања понекогаш траат и по неколку недели“, вели реставраторот Каролина фон Санкт Џорџ и додава дека големите аукциски куќи се под голем притисок. Пазарот на уметност цути како никогаш досега и покрај економската криза.

Сопственикот на музејот Лемпертц, Хенрик Ханстин во своја одбрана тврди дека се „советувал со експертите“. Но, советувањата очигледно не се доволни - иако меѓу нив има и врвни познавачи на некои сликари. Музејот купил неколку дела од сопственикот на колекцијата „Вернер Јегер“, меѓу нив Макс Пехштајн, Фернанд Легер и Макс Ернст. Едното дело го разгледа ни повеќе ни помалку, Ернстовиот личен пријател и еден од најдобрите германски познавачи на овој сликар - Вернер Спајс. Но, изгледа фалсификаторите и него успеаја лесно да го измамат.

„Вакви случаи има многу. Може да се каже дека токму тука лежи тајната на нивниот успех. Фалсификаторите се многу добро информирани околу тоа кои платна се најбарани, кои се сметаат за исчезнати. Тие поаѓаат од фактот дека кога едно од нив наеднаш ќе се појави на пазарот, најдобрите стручњаци ќе бидат занесени од чувствата, така што нема да бараат да се направи темелна анализа. Во таа смисла, може да се каже дека фалсификаторите шпекулираат со нивните желби“, објаснува Хенри Казор, историчар на уметност.

На сличен начин помина и купувањето на дела од сопственикот на споменатата колекција и директор на музејот „Вилхелм Лембрук“ во Дуизбург. Рајмунд Штекер, вели дека бил толку занесен од кубистичкиот портрет на легендарниот еврејски галерист Алфред Флехтхајм, кој наводно го насликал Луис Маркусис, што ниту тој не забележал дека станува збор за фалсификат, а не побарал ни детална анализа.

„Ова е навистина речиси генијална постмодернистичка композиција, оваа слика. Бев воодушевен од неа. Секако дека се очекува од историчарите да им биде сомнително како едно дело од 1955 година во себе содржи синтеза од подоцнежниот развој на кубизмот - но ете, не се посомневав‘, признава Штекер.

И ова платно, како и сите останати, на задниот дел има етикета од колекцијата „Вернер Јегер“ и како што вели историчарот на уметноста, Хенри Кезор, исто така се забележува исклучителна способност и професионалност на фалсификаторите.

„Етикетата е важна, бидејки го докажува потеклото. Но, од друга страна, од таа колекција не се знаеше ништо. Се знаеше нешто, но не многу. Тоа значи дека делата во нејзина сопственост досега биле ретко изложени, а тоа даваше додатна атрактивност и вредност“, вели Хенри Кезор.

За во иднина сите се согласуваат дека тестирањата, пред да се потпишат купопродажни договори, треба да бидат темелни и на време и со што помалку чувства. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 467 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Премиери и гостувања за роденден на Битолскиот театар
Унгарски камерен оркестар ќе ги отвори „Есенски музички свечености“
Петре Бакевски
Цртежи на Илија Прокопиев






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis