Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Унгарски камерен оркестар ќе ги отвори „Есенски музички свечености“

Манифестацијата за класична музика ќе трае до крајот на месецов и во десет вечери ќе понуди концерти и рецитали од домашни изведувачи, но и гостувања на уметници од странство

Невена Поповска

„Есенски музички свечености“ годинава по единаесетти пат ќе се одржат од 5 до 30 ноември. Дирекцијата за култура и уметност - Скопје на вчерашната средба со новинарите ја објави програмата на манифестацијата, која почнува утре со концерт на Камерен оркестар од Унгарија при Универзитетот во Сегедин, кој ќе се одржи во Домот на АРМ. Манифестацијата за класична музика ќе трае до крајот на месецов и во десет вечери ќе понуди концерти и рецитали, пред се', од домашни изведувачи, но и гостувања на уметници од странство.

„Зад нас е една декада - десет години развој и растеж на манифестацијата, која на почетоците си даде за задача и обврска да одговори на интересите и потребите на публиката и да и' овозможи поголем простор на класичната музика. Изминатите десет години потврдуваат дека таа идеја била сосема оправдана. Потврда за тоа се реакциите на публиката и поддршката на уметниците и институциите“, рече на вчерашната средба со новинарите Никола Глигоров, директор на Дирекцијата за култура и уметност - Скопје.

Концертот за отворање, што ќе го води диригентот Петер Шоморјан, е во знак на претседателството на Унгарија со Европската унија од 1 јануари 2011 година. Шарлота Папаи од Институтот Балаш рече дека „со настанот ќе се продлабочи културната соработка, која ќе продолжи и со претставувања на македонската култура во Унгарија и преку образовна соработка во областа на музиката.“

Во чест на актуелниот претседавач со Унијата - Белгија, пак, на 15 ноември ќе гостуваа�� белгиските уметници Мишел Ен де Меј и Грегори Гросжан со танцовиот проект „12 лесни валцери“.

Големите национални ансамбли - Македонската филхармонија и Македонската опера и балет ќе имаат концерти на 25 и на 27 ноември. Филхармонијата со симфониски концерт ќе го одбележи својот 66. роденден, а Македонската опера и балет ќе ја изведе обновата на операта на Верди „Моќта на судбината“.

Во рамките на годинашната манифестација „Есенски музички свечености“, организаторите предвиделе и концерт на финалистите на конкурсот „Зографски“, со што ќе биде одбележан двојниот јубилеј: 75 години од раѓањето и 60 години творештво на композиторот Томислав Зографски (1934-2000). На програмата на манифестацијата е и концертот по повод 25 години уметничка дејност на флејтистот Страшо Темков, пијанистички концерти на Огненка Герасимовска и на Силва Скендери од Албанија, настапот на кларинетистот Петар Колевски и пијанистката Билјана Петровска и концерт на класата по народни инструменти при Факултетот за музичка уметност.

Реализацијата на содржините на манифестацијата финансиски се поддржани од Министерството за култура, кое за оваа цел издвоило 200.000 денари и Градот Скопје, кој учествува со 150.000 денари.


#
Статијата е прочитана 362 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Премиери и гостувања за роденден на Битолски��т театар
Во што е тајната на фалсификаторите на уметнички дела?
Петре Бакевски
Цртежи на Илија Прокопиев






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis