Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Одбрано решението за барокната катна гаража

За катната гаража на Јужен булевар Градот треба да одлучи меѓу 10 понудени идејни решенија

Јавното станбено претпријатие ќе ја гради барокната гаража зад МЕПСО по идејно решение на „ГМС проект“, додека Градот Скопје се' уште го одбира изгледот на едната од двете катни гаражи кои е предвидено да имаат стаклени фасади. Од ЈПССДП веќе утврдиле и дека пристапот за паркирање во другите три катни гаражи ќе се врши преку лифтови.

Ова е моменталниот исход од речиси двемесечните активности на Јавното станбено претпријатие и Градот, откако државата одлучи да им отстапи локации за изградба на објекти за паркирање, при што ЈПССДП доби можност за изградба на четири катни гаражи, а Градот, односно ЈП „Градски паркинг“ две.

Владимир Бахчовановски, директор на Јавното станбено претпријатие, вели дека се подготвува документација за нарачка на основниот проект за барокната катна гаража, а истовремено течат постапките и за проектирање на останатите три објекти.

„Реално, имајќи ги предвид неопходните процедури, очекуваме со изградба на гаражите да започнеме во почетокот на идната година. Со оглед на досега направените процени, утврдивме дека имаме доволен буџет сите четири проекти да ги тераме истовремено“, вели Бахчовановски.

Јавното станбено претпријатие освен зад МЕПСО, ќе гради катна гаража и на постојниот мал паркинг кај „Телеком“, потоа кај Музејот на холокаустот и пред Работнички дом.

Од Градот, пак, информираат дека надлежната комисија го избрала идејното решение за катната гаража кај „Беко“, а се' уште одлучува кое од пристигнатите десет идејни решенија ќе се искористи за основа на планираната стаклена фасада на наменскиот објект што треба да се гради на „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. И двете катни гаражи ќе имаат стаклени фасади, по еден кат резервиран за деловен простор, а инвеститор ќе биде ЈП „Градски паркинг“. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 769 пати.

Испрати коментар

Од: mkd
Датум: 05.05.2010 10:24:40
Po malce kasnat so katnite garazi. Realno nevozmozno e teatarot da se stavi vo funkcija a da ne postoi do nego katna garaza. Vremeto e kratko
Од: skopje
Датум: 05.05.2010 14:43:24
Катни гаражи во строгиот центар на градот ... само во Скопје!!!

Најди! во Утрински
Скопје
Натриумови светилки на патот до Идризово
Трајановски се сретна со градоначалникот на Брисел
Барања за споменици на Албанци во Центар
ЈСП воведува пет нови линии