Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

ЈСП воведува пет нови линии

Од денеска ќе сообраќаат автобуси на линиите „18-а“, „4-а“, „7“ „7-б“ и „22-а“

Јавното сообраќајно претпријатие денеска во населеното место Визбегово ќе ја промовира новата автобуска линија „18-а“. По барање на граѓаните, да се подобрат сообраќајните врски со градски превоз и на останатите делови од градот, од денеска официјално ќе бидат пуштени и новите автобуски линии „4-а“, 7“, „7-б“ и „22-а“. Автобуските постојки се обележани и линиите функционираат нормално.

Линијата „18-а“ од Визбегово ќе сообраќа по улица „3“ и преку населбата Шуто Оризари ќе продолжи кон населбата Топанско Поле. Крајната станица ќе и' биде на улицата „Лазо Трповски“ кај сегашната последна „9“. Паралелно со „4“, сега ќе сообраќа и новата линија „4-а“. И таа ќе тргнува од населбата Хром, а ќе вози до селото Усје. Оваа линија ќе вози по идентична траса како „4“ од Хром до „Партизански одреди“, а потоа во Карпош 4 ќе врти десно и ќе оди по улицата „Московска“ кон студентскиот дом „Гоце Делчев“ каде што ќе продолжува лево по „Теодосие Гологанов“, па преку постојката на „Рекорд“ и улицата „11 Октомври“ по „Првомајска“ до Усје и обратно.

Линијата број „7“ наместо од населбата Лисиче, сега ќе тргнува од Горно Лисиче и ќе вози по постојната траса до Карпош 3 и обратно, додека новата линија „7-б“ има почетна станица во населбата Вардарска и ќе оди до Дом на печат.

Линијата „22-а“, пак, наместо од населбата Даме Груев, сега ќе тргнува од селото Волково.

„Навистина сакавме да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните и еве, собравме сили да го направиме тоа. Задоволни сме што дефинитивно одговоривме и на едно многу старо барање за воведување автобуска линија за жителите на Визбегово. Веруваме дека сите нови линии ќе ги задоволат барањата на граѓаните што бараа подобра врска до работните места и до нивните домови“, вели Мишо Николов, генерален директор на ЈСП. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 886 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 05.05.2010 09:31:10
neznam samo na koi gragani im ilegle vo presret gradski koga site gragani od kisela voda 11 oktomvri se zalat za 4 sto ne odi po partizanska od pocetok znaci zadovolni se samo graganite od ulicata teodosie od kade site mozat i peski da odat do fakultetite ili do zdrastvenite domovi a od kisela voda graganite ke rabotat samo za gradski od eden vo drug avtobus da presednuvaat. toj sto go pravese rasporedot dali se vozi so avtobus i treba da se pofali ,a posebno direktorot koja rabota ja zavrsil alal da mu e.
Од: mmmm
Датум: 05.05.2010 09:38:16
zasto nikoj ne mu teknnuva da vovede 21 i uporno se odbiva baranjeto
Од: gragjanka
Датум: 05.05.2010 12:55:08
Konecno JSP izleze vo presret na gragjanite!, no kako da ja zaboravija naselba K.Voda kade sto soobraka samo br.24 i tie se tolku retki a ako dojde 24 --ka koja vozi do Sopiste e togas e vistinsko "zadovolstvo" da se vozis vo nea posebno sega vo letnite gorestini! !!Zatoa barame ili da se pocesti avtobusite na taa linija ili nov broj da se pusti , kako porano sto bese 14-ka.

Најди! во Утрински
Скопје
Натриумови светилки на патот до Идризово
Одбрано решението за барокната катна гаража
Трајановски се сретна со градоначалникот на Брисел
Барања за споменици на Албанци во Центар