До крајот на мај Општина Центар ќе ги достави барањата до Советот за поставување споменици на Албанци во централното градско подрачје. Ова вчера го рече градоначалникот Владимир Тодоровиќ, кој беше да ги види новопоставените споменици на Гоце Делчев и на Даме Груев пред Камениот мост.
„Очекуваме нови барања за споменици, и тоа за познати личности Албанци од нашата заедничка историја. Има барања од некои невладини организации, а чекаме уште од некои. Сигурно ќе има три или четири споменици на истакнати Албанци во централното подрачје и околу пет на новиот мост“, изјави Тодоровиќ и појасни дека спомениците биле поставени ноќе со цел да се избегнат проблемите со транспортот, бидејќи поради нивната големина тие излегувале надвор од габаритот на камионите со кои се превезувале и претставувале опасност за сообраќајот. (С.Р.)
А зошто само на Албанците?.Каде се тука Србите,Турците,Ромите,Бошњаците,Египќаните,Австријците (нели Пиколомини го запали Скопје),па Обединетите нации...и тогаш плоштадот нека се вика ,,ПЛОШТАД НА НЕВИДЕНА АРОГАНЦИЈА И ГЛУПОСТ,, и така ќе го одсликува владеењето на ова расипничка влада на ДПМНЕ, а нов плоштад нека но направат на пример во село Таор.
Од: rob
Датум: 05.05.2010 12:21:35
До сега не чув некоја поголема побуна од страна на албански партии и паравојни формации за спомениците ,што значи дека тука веке паднал добар дил со владата ранковниот договор е испунет 20 %се нивни ново пешени јунаци ке ги преселат од села во град;; ,,браво,,,разбирливо односи се релаксирачки.Народот секогаш на крајот дознава а пота е крива опозиција дека прави опструкции-дежурни кривац .Македонше....