Трајановски се сретна со градоначалникот на Брисел
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој е во работна посета на Брисел, вчера се сретна со својот колега, Фреди Тиелеман. На средбата се разговарало за можностите за продлабочување на соработката меѓу Скопје и Брисел, особено во областите култура и спорт. Трајановски и Тиелеман размениле искуства и за работењето на градската администрација. Скопскиот градоначалник вчера во Брисел ја посети мисијата на Република Македонија во Европската унија и се сретна со шефот на мисијата, Блерим Река. Трајановски разговарал и со амбасадорот на Македонија во Белгија, Мухамед Халили. (С.Р.) |