Број 3310  петок, 18 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Скопје

Генералка во Аеродром

Денеска, утре и во првиот ден од наредната недела на подрачјето на Општина Аеродро�� ќе се се спроведе генерално чистење. Акцијата под мотото „Чист Аеродром“ ќе ја реализираат јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“ во соработка со општинската и со градската власт. Предвидено е да се расчистуваат дивите депонии, да се мијат улиците, ќе се уредува блоковското зеленило, парковите и дрворедите, а е предвидена и санација на хидранти, чешми за вода и шахти, како и крпење на ударните дупки по улиците.

Аеродромци ќе можат да го исфрлат и волуменозниот отпад од домаќинствата во специјални контејнери. Денеска такви контејнери ќе има поставено кај ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, на улицата „XII Ударна бригада“ во населбата Лисиче, како и кај градинката во близина на сервисот „Морски“. Утре, пак, контејнери за волуменозен отпад ќе има кај сателитската антена во Ново Лисиче, пред Пензионерскиот дом и во близина на спортската сала „Јане Сандански“. В понеделник, последниот ден од акцијата, наменски контејнери ќе бидат поставени на улицата „Венијамин Мачуковски“ во Мичурин, кај ОУ „Браќа Миладиновци“ и на улицата „Коста Новаковиќ’.

„Чист Аеродром“ ќе се спроведе во сите населби, а покрај екипите на јавните претпријатија, во генералката ќе бидат ангажирани и стотина сезонски работници од Општината.

Идентична акција изминативе денови се реализираше во речиси сите општини. Аеродром е претпоследна на листата за генералка, а акцијата ќе финишира на подрачјето на Општина Сарај. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 426 пати.

Испрати коментар

Од: cicalche
Датум: 18.06.2010 00:52:21
Im postavuvam prashanje na Opstina Aerdordom: vo koja opstina pripagja ulica Bojmija? Nema ulichni svetilki,raka na srce, kontjnerite se chistat redovno, organiziravme akcija so decata od zgrada za cistenje na trevnite povrsini (koisto pak bea polni so otpad po 1 den). Ima li namera opstinata da gi pushta komunalnite inspektori. Ovoj narod mozhe da se nauchi na red samo so repnuvanje po dzebot. A svetloto na ulicata ostanuva i natamu problem br.1 ( se obivaat koli, se krade)

Најди! во Утрински
Скопје
Ноќно бележење на градските улици
Мајсторе, може ли до Бит-пазар?
„Три круши“ по петти пат
Меѓуопштински спор околу парк шумата „Гази Баба“
„Поздрав на сонцето“ со јога-сеанса
Скопје дневно троши 590 литри вода на жител
Марш за заштита на животните
Заштитни столпчиња на „Водњанска“