„Три круши“ по петти пат
Од овој викенд почнува традиционалната манифестација „Културно лето - Три кру��и“ во организација на Општина Кисела Вода. Од овој, па секој нареден викенд до 18 август, на амфитеатарот во верско-рекреативниот центар „Три круши“ кај Драчево ќе се организираат културно-забавни настани.
На отворањето на годинешнава манифестација ќе настапат „Танец“ и Сузана Спасовска. Општинарите н��јавуваат богата музичка програма во текот на целата манифестација, која од годинава има и меѓународен карактер. Покрај македонски изведувачи, ќе настапуваат и културно-уметнички друштва од Хрватска, Турција, Србија, Украина и од Полска. Годинава манифестацијата ќе се збогати и со етнофестивал што ќе се одржи на 2 јули. (Дс.Т.) |