Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Муфлони и фазани за нов дијалог

Ерван Фуере констатира дека Македонија назадува на патот кон ЕУ

Оливера Војновска


Само еден ден откако шефот на државата, Ѓорге Иванов, се обиде да го поттурне политичкиот дијалог во земјата од мртвата точка, евроамбасадорот Ерван Фуере констатира дека Македонија назадува на патот кон ЕУ и дека во земјата постои клима на недоверба меѓу етничките заедници.

Една година по доаѓањето на функцијата, Иванов во саботата во Катланово прв пат ги повика лидерите на политичките партии со цел да ги слушне нивните размислувања за актуелните случувања во државата - безбедносната состојба и спорот за името. Претседателот на неформална средба ги почести политичките лидери со специјалитети направени од фазани и муфлони.

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, Фуере вели: „Нема сомневање дека постои клима на недоверба меѓу етничките заедници и постоеја повеќе прашања во изминативе месеци каде што ние ја видовме таа недоверба. Веќе предолго време постои клима на неизвесност каде оди земјата“.

Тој и' сугерира на Владата да посвети поголеми напори во креирањето на многу попозитивна клима во мултиентичкиот дијалог. „Нема сомневање дека минатата година видовме еден позитивен моментум, кој, се разбира, доведе до позитивната препорака од страна на Комисијата. Но, сега, од почетокот на годинава, за жал, го гледаме, не спротивното, но, секако, момент на назадување. Усвоени се закони, но тие не ги одразуваат најдобрите интереси на земјата, а исто така не ги одразуваат стандардите установени на ниво на ЕУ. Ако продолжи на овој начин она што се случува, тоа ќе ги поткопа сите достигнувања од минатата година“, предупредува евроамбасадорот Фуере.

Врнежливото време и амбиентот во катлановската подружница на резерватот Јасен се совпаѓаше со атмосферата на неформалната средба.

Ловечките специјалитети ги пробаа само премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и претседателите на СДСМ и на ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети.

Црвенковски, кој ја поздрави ваквата иницијативата на претседателот, забележа дека „би било подобро ако средбата беше помалку протоколарна, а повеќе работна, бидејќи Македонија е земја која се соочува со сериозни проблеми и дома и надвор“.

Годишнината од инаугурацијата на Иванов не дојдоа да му ја честитаат лидерите на ДПА и на Нова демократија, Мендух Тачи и Имер Селмани. Тачи веќе десет месеци го бојкотира парламентот и сите средби на политичките лидери. Селмани на прес-конференција соопшти дека неговата партија нема да учествува и на следните вакви средби се' додека претседателот, премиерот и владиниот коалициски партнер ДУИ не ги решат судските предмети „Сопот“, „Бродец“ и четирите хашки случаи.

За претседателот Иванов, оваа средба била можност да се покаже дека има комуникација меѓу политичките лидери во Македонија и дека секој проблем може да се решава преку дијалог. „Затоа е непотребно денес за кое било прашање да се посегне по насилство, кога институциите функционираат“, нагласува Иванов, коментирајќи ги последните случувања во Радуша. .„Во секојдневна комуникација сум со надлежните органи и секој си ја извршува обврската што ја има според законот. Затоа нема потреба да се свикува Советот за безбедност“, смета тој.

Претседателот имал информации дека медијаторот Метју Нимиц сериозно ја подготвува следната средба и, најверојатно, ќе изнесел сериозен сет идеи. Но, и овој пат Иванов не кажа ништо конкретно за македонските позиции, туку ги повтори истите фрази. „Сето она што е во интерес на македонските граѓани и она што сме се обврзале во рамките на овој процес во Обединетите нации, тоа е за нас прифатливо. Не сакам да шпекулирам, поаѓаме од она што е интерес на граѓаните на Република Македонија“, рече Иванов.

Премиерот Груевски вчера одговарајќи на новинарско прашање рече: „ние работиме на краток рок да го решиме прашањето за името и даваме максимум и се' што можеме.“ Груевски завчера по средбата повторно изјави дека за предлозите од медијаторот Нимиц ќе биде распишан референдум.

„Македонија е силно заинтересирана да се реши спорот со името и даваме максимум да се направи тоа, да се најде решение прифатливо за граѓаните и кое би поминало на референдум. Решавањето на името е од интерес на Македонија, а се надевам дека е од интерес и на Грција“, вели премиерот.

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Црвенковски и Ахмети, излегоа со речиси идентичен загрижувачки став дека одолжувањето на решавањето на спорот за името може да ја наруши, да ја блокира или да ја замрзне евроатлантската агенда на Македонија.

„Без постигнување решение за името со Грција, нема да имаме ЕУ-интеграции и доколку се пролонгира решавањето на спорот, евроатлантските интеграции остануваат блокирани“, уверен е Црвенковски. За евентуалниот референдум на кој граѓаните би можеле да гласаат за предлог-решение за името, Црвенковски дециден дека „нема логика да се одржи референдум за кој власта сака да пропадне и доколку референдумот се доведе до таква ситуација, СДСМ воопшто нема да учествува во него“.

За лидерот на ДУИ, Ахмети, евроатлантските перспективи се без алтернатива за Македонија. „Во Македонија треба сите политички фактори да преземат одговорност за да се надмине проблемот со името, со прифатливо решение за сите засегнати страни, бидејќи тоа станува сериозна пречка во евроинтеграциите. Не сакам да прејудицирам, ниту хипотетички да зборувам, но со оглед на ангажираноста на сите политички фактори, очекувам дека ќе имаме добро и прифатливо решение“, изјави Ахмети. Коментирајќи ја безбедносната состојба во државата, лидерот на ДУИ изјави дека тој и неговата партија не поддржуваат никакво насилство, бидејќи, како што рече, тоа не е начин за справување со проблемите.


#
Статијата е прочитана 2010 пати.

Испрати коментар

Од: Dzemo
Датум: 17.05.2010 02:04:52
лидерот на ДУИ изјави дека тој и неговата партија не поддржуваат никакво насилство, бидејќи, како што рече, тоа не е начин за справување со проблемите. Malku mi e nelogicno ,ama sega ovoj angel treba i kanditatura za Nobelova nagrada za mir da mu de predlozi ,aj aj aj
Од: mene
Датум: 17.05.2010 07:40:00
Jas kako obicen covek ne razbiram kako g-din Fuere ili Branko go svacaat erga omnes na Grcija.Toa sto Fuere ja velica svetosta na identitetot so erga omnes nie ne sme makedonci,istoto vazi i za Branko.Togas za kakov kompromis zboruvaat i kako da se nadmine od nasa strana.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.05.2010 08:30:31
Отсаството на елементарна култура на дел од албанскиот политички блок визави институцијата преседател на државата ептен ги подобрува меѓу етничките односи.Ако преседателот ги аболицира терористите од Сопот и Бродец тогаш е добар инаку е еден од расипувачите на тие односи.Пронаоѓањето на арсеналите оружје е светол пример како треба да бидат етничките односи.Живо ме интересира како ги викат во ЕУ и родниот крај на г-дин Фуере оние кој складираат оружје и шетаат со униформи,сигурно не криминалци. Имаат они поинаков назив за таквите.
Од: Goran
Датум: 17.05.2010 09:19:23
G-din Fuere ne treba preku albancite da pravi svoja politička kariera i da ja destabilizira Makedonija,toa ne e negova rabota tuka.Negovoto prisustvoe sosem za drugo,a ne da gi plaši so albancite Vlasta i Makedoncite,narušeni međunacionalni odnosi i nema NATO i EU ako ne go smenite imeto i se so nego.Falamu ama taka ne se prodavame.Ne došle Selmani i Tači vo Katlanovo?Golema rabota,ne zamezija ovie bez niv,am i taka ne se nekoj faktor.Kakva pravna država sme nie ako ne im se sudi na tie za čovečko zlostorstvo?Mu se sudi vo Hag na Jovan,na Srbi i Hrvati i Bosanci vo Hag ama i matični državi.Crvenkovski ako ni go nametna BJRM bez soglasnost na narodot Gruevski će mora za sekoja promena kakva i da e da go praša narodot na referendum a albancite koi živeat tuka i taka ne im e gajle kako će se vikame.A EU e mislena imenka oti cela EU se zatvorila za novi členki,toa go znaat i vrapcite veće,imaat eden kup vnatrešni problemi,prašanje e i Hrvatska dali će vleze a kamo li da primaat dr od Balka
Од: хипервитаминоза
Датум: 17.05.2010 10:58:27
Едiнствен начин да се реши проблемот со името е да престаната да инсистираат на тоа сите оние кои''не ги тангира',зашто тие што ги “тангира”,мислат дека одат во безизлез,одејќи по излезот што го подржуваат другиве.Дозволивме новороденчето веќе родено,да се роди повторно.И тоа е нормално,ама да се дозволи да се навлезе во експертиза за неговото потомство и педигре,е крајно аматерски приод...(во интерес на безвулгарноста).Па кој вели дека треба да биде ново.За атер на првото слободно можеме пак старото.Ама кој ние крив.Ај и тоа некако,има некојаси логика во нелогичното.Ама да се држи во крошни,и со затворена уста,веќе со поминато време и за проодување,и прозборување,е автомазохизам невиден.
Од: nadidan
Датум: 17.05.2010 12:22:22
Ха,хи,хи...па тие за тоа и се собраа да се најадат и напијат, а за другото баш им е гајле се ќе си биде по старо кој го шиша народот ако воопшто го има во Македонија.Кој апсурд.....
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.05.2010 14:49:44
Кој ги прими роговите и опашките. Има ли некаков резултат. Повторно влечење на народот за нос? Не го за**авајте народот.Греота е.Тој не е свесен што му се случува.Кога ќе се свести ќе биде доцна!,

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Патриотизам на јарбол
И слабеењето e лек за покачен притисок
Зошто бегаат странските пари
Во топ-форма
Земјата на исправениот грб и искривениот ум!
Вардар пак пустоши во Долни Полог
„Надоаѓа Пчиња како Дунав“
Да се преживее мајчинството
Босна и Херцеговина во шок по масакрот во Високо
Отворена фотоархивата на покорениот Берлин во 1945
Потребна е приказна за да се привлечат туристи
Нема замена за членството во ЕУ
Тајланд е блиску до граѓанска војна
Дали животните можат да бидат хомосексуалци?