Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Земјата на исправениот грб и искривениот ум!

Ивор Мицковски

Македонија не напредува затоа што доживува вистинска идеолошка и културолошка регресија

Отсекогаш ме фасцинирала човековата способност да се дефокусира, да се насочи во погрешна насока, кон погрешни анализи и тези и да донесе погрешни одлуки токму во најтешките моменти. Не толку поради исмевање на грешката, која е дел од секојдневниот живот и функционирање, колку поради грешката која се прави со намера, со цел, поради погрешни политики и убедувања или едноставно поради докажана некомпетентност.

Овие последни години на локални и глобални, на домашни и континентални кризи се најдобриот доказ како во тешки времиња, желбата за дефокусирање, манипулирање и оддалечување од вистинските цели, всушност станува доминантна практика. Европа е во криза и сите зборуваат за пропаста на еврото или пак на Грција. Никој не зборува за пропаста на идејата за обединета Европа или за нејзината потреба од преземање неопходни реформи. Нашите локални продавачи на магла пак задоволно ги тријат рацете и ги засилуваат своите тези како Грција е готова и ќе попушти за спорот, како патот кон Европа може слободно да го замрзнеме, гледајќи ја тука својата шанса за дополнително изолирање и национализирање на земјата.

Никој не гледа проблем во нашата влошена безбедносна состојба, во тензичните меѓуетнички односи или пак, во фактот дека земјата сериозно заостанува зад соседите и регионот, како од економска-реформска, така и од политичко-вредносна гледна точка. За Европа испаѓа дека единствено е важно еврото да преживее, па макар Европа излегла на крај уште повеќе разделена, политички необединета, раскарана или љубоморна да ги одржи националните каприци и интереси. За Македонија, испаѓа дека е најважно да остане Македонија на хартија, да бидеме емотивно и ментално поврзани со нашето минато, макар сите други шевови кои навистина не' прават држава попуштиле и попукале. Испаѓа дека сите се задоволуваат со одреден минимум, кој го претставуваат како максимум на волјата и остварливото, безгрижни за реалните проблеми кои остануваат нерешени, за сегашноста која бара промени, за иднината која е понесигурна од кога било.

Зошто ја споредувам Македонија со Европа? Затоа што Европа е нашиот природен дом, семејство кое се наоѓа во неволја, кое евентуално ќе ги реши своите проблеми и кое се надевам ќе дочека да ја види и Македонија како една подобра и поевропска земја. Споредувам со Европа и затоа што заблудата која ја живееме е слична иако не е еднаква. Какви сме ние делумно зависи и од Европа, нејзината иднина ќе ја формира и нашата, додека нашата сегашност е совршена парадигма за тоа што досега се случуваше и што не би требало да се случува во ЕУ. Зошто заблудата е двојна?

Европа не напредува затоа што многу земји членки мислат дека унијата и еврото можат да постојат и да опстојат покрај една унија предводена од суверените држави нации, разделена и политички необединета. Од друга страна, заблудата на Македонија е дека земјата не може да постои без ВМРО-ДПМНЕ и националистичкиот дух која таа постојано го всадува кај луѓето. Македонија не напредува затоа што е заробеник не само на погрешни политики и луѓе водени од тесни интереси, туку и затоа што доживува вистинска идеолошка и културолошка регресија. Ние, наместо да бидеме енергични кон актуелните проблеми и кон идниот напредок, сме енергични единствено кон минатото. Наместо да развиваме инклузивни политики и вредности, се затвараме и ограничуваме зад една лимитирана, анахрона и државно штетна ексклузивност.

Нормално, споредбата има свој голем недостаток, нивото на примитивизам во процесите кои се одвиваат на македонско ниво носат со себе една особена тежина. На крај на краиштата за заблудата на Европа постојат реални дебати и дискусии, некој сепак работи на решавање на проблемите, што и не е така лесно кога 27 различни интереси треба да се задоволат. Сепак, тоа што евентуално ќе го научиме од нашата заблуда и од заблудата на Европа, е дека многу од грешките кои Европа сега ги исправува, ќе мораме и ние да ги исправиме. Дека мораме да се зафатиме со вистинска работа ако мислиме да опстанеме и дека сами и изолирани, немаме никаква, ама баш никаква иднина. Конечно, лекцијата е дека тој што се обидува да ги решава проблемите ќе биде на вистинската страна од историјата, додека тој којшто нихилистички одбива да се соочи со реалноста е всушност осуден да исчезне од релевантноста.

Во еден брилијантен текст, некогашниот италијански министер за финансии, Томазо Падоа-Скјопа ја опишува денешната борба со која се соочува Европа. Полето на битка го дели на злите напаѓачи кои се кладат против Европа и еврото и добрата, но опколена тврдина, која всушност е ЕУ. Напаѓачите веруваат во кредото дека еврото не може да функционира во една политички необединета Европа, додека бранителите враќаат со борбениот извик: можеме! Иако противници и двете страни делат еднаква основна верба во следното: дека државата-нација е и ќе продолжи да биде апсолутниот суверен во рамките на своите граници. И двете страни веруваат дека меѓународните односи и понатаму ќе се базираат врз двојниот постулат на внатрешна хомогеност и надворешна независност, модел воспоставен преку договорот од Вестфалија во далечна 1648 година. И двете стани не успеваат да согледаат, дека денес живееме во еден поинаков свет. Дека политичката моќ не може да биде монопол на еден единствен субјект. Наместо тоа, та�� има потреба да се дистрибуира по вертикална линија, поаѓајќи од најлокалното, па националното, па континенталното и на крај, преку глобалното. И двете страни, а и сама Македонија, го игнорираат фактот дека историјата е динамичен процес придвижен од различни контрадикции, а не стабилна форма која секој може по своја желба да ја моделира.

Но, да дојдам до суштината. Во денешната ера, динамиката на историјата се состои во тешката потрага по оптимална дистрибуција на моќта, чија цел пак би била сеопфатна човечка агрегација, базирана врз заеднички интереси, наместо како што е случај кај нас, врз некаков трибален идентитет. Во оваа борба Европа се покажа како победник затоа што конечно се ослободи од тетеравењето, од поделбите и од предрасудите. Но во подлабока смисла таа загуби, затоа што долго време веруваше дека еврото и националниот суверенитет се компатибилни. Напаѓачите попрво ја разбраа таа некомпатибилност, но погрешија во нивниот заклучок дека еврото, наместо вестафалиската догма на крај ќе излезе најмногу оштетен. Оваа поука е и прашање за нас самите. Дали Македонија ќе одбере да биде на страна на напаѓачите, кои и понатаму ќе напаѓаат или ќе стане дел од тврдината која и понатаму ќе се брани и евентуално ќе победи во борбата против идеологијата на семоќната држава-нација?

Фактот што нашата влада систематски греши во политиките е поразително, но и донекаде поправливо. Тоа што потешко се поправа е нашиот изгубен углед, нашата етнонационална забеганост, идеолошката и културолошка регресија. Шизофренични и превртливи немаме никаква иднина и тешко некој да не цени. Погледне ги само контрастите. Во моменти кога земјата се промовира на врвни светски медиуми ја согледуваме големината на измамата и заблудата. Премиерот е на Си-Ен-Ен, каде ги фали нашите стратешки пријатели и цели, Америка и ЕУ, каде објаснува дека ние де-факто сме земја на НАТО, а заборава дека само неколку дена пред тоа преку својот советник пласираше теории на заговор за дестабилизација на земјата каде клучната улога ја имаат опозицијата и истите тие стратешки партнери. Или, какво е чувството додека оди рекламниот спот за инвестирање во Македонија и кога под тоа оди кајронот кој ве информира дека безбедносната состојба во земјата е фрагилна. Нашиот премиер како доктор Џекил и мистер Хајд! Нашата земја во раце на Партијата на исправениот грб и искривениот ум! Од сево ова, ќе заклучиме дека Македонија не е само земја која не знае добро да одбере, туку и тогаш кога одбира, го избира најлошото. Патот кон колапсот!

(Авторот е аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1780 пати.

Испрати коментар

Од: patricija
Датум: 17.05.2010 00:23:39
A kako treba , so iskriven grb i so ispraven um.
Од: nacional-patriot
Датум: 17.05.2010 02:57:13
Zosto grbot na predavnicite e iskriven,t.e.imaat svitkana kicma?Pa zatoa sto tokmu nivniot um e iskriven,a i pomracen.Ovoj avtor ja opservira EU i megju redovi priznava deka EU e rastimuvan orkestar.Samo treba da pocnes trezveno da razmisluvas i ke dojdes do soznanie za valkanite alista na korumpiranite birokrati od Brisel.No pred da pocnes da razmisluvas Ivore,Razbistri go tvojot um i ispravi si ja kicmata.Svetot ne e EU,nitu NATO.Ne znaci izoliranost,ako si nadvor od ovie organizacii,bidejki ima drugi organizacii sto nema da ne ucenuvaat.
Од: Brian, Canada
Датум: 17.05.2010 05:41:53
Neskromno e analitizar za koj se pretstavuvate preku vasiot politicki pogled - da bide artikuliran vo edinstvena vistina. Zotoa sto imam sprotiven politicki pogled ili kako vie velite "evroskeptik" spagam vo "slite napagjaci". Vednas pravite slika na avtoritaren novinar od ednopartiski sistem koj priznava samo edna vistina. Drugo interesno e sto so ogled na vasata vozrast pokazuvate "bezobrazna" neskromnost, i tocno znaete sto koj i kako treba da napravi, ne samo vo nasta zemja tuku i vo EU. Izvinete no deluvate smesno. Evroto mozebi i ke iscezne,za da se zastitat domasnite - nacionalni ekonomii (vrakanje na nacionalnite valuti), sto ne e tragicno, tuku polezno bidejki odi vo zastita na interesite na narodite na zemjite cleniki na EU. Kapitaliznot svojata pocva za razvoj ja naogja vo konceptot drzava - nacija. Izceznuvanjeto na toj koncept, izceznuvanjeto na drzavata - nacija i identitetot e vo ideologijata na marksizmot (komunizmot) sto pak go pokazuva vasiot politicki profil.
Од: pameten
Датум: 17.05.2010 06:58:50
Golemite gubitnici na Balkanot za poseldnive 20 g. se Srbija i Makedonija. Srbija pretrpe totalen poraz i ja izgubi svojata geopolitichka znachajnost poshto ne sfati deka ne mozhe da go "zachuva" Kosovo. Makedonija izgubi vo natprevarot so svoite sosedi vo koj imashe prednost, poshto ne sfati deka Balkanskata sostojba totalno se promenila. Pred 1989 za povekje od vek golemi i Balkanski sili imaa za prioritet da ne se dopushti golema Bugarija. Site, pa duri Grcija(!) podrzhuvaa izgradbata na poseben Makedonski identitet. I koga toj rechisi beshe izgraden, sostojbata se promeni. Denes svetot nema politichka spremnost da prifakja prikaznite i fantaziite od vremeto na SFRJ. Makedonskiot identitet kje opstane samo ako se soochi so svojata vistinska istorija, bidejki izgradbata na identitetot biten del od nea.
Од: Ne si prav ni koga stoish
Датум: 17.05.2010 07:03:37
Kvazi nalaiticar. Vashata beskicmenjacka euforija za vashiot stav protiv uspehot na Makedonija nema da vi uspee. Ista truba so isti ton ja svirite so decenii. Se omalovazuvate samite sebe. Citajte i gledajte izjava od drugi drzalnici kako vece vie gi narekuvate. Velat: Ve vikam Makedonci dodeka vie samite ne izjavite daka ne sakate taka da ve vikam.
Од: mene
Датум: 17.05.2010 08:14:52
Jas bi rekol"ne lae kuce radi selo tuku radi sebe."
Од: tatoo
Датум: 17.05.2010 09:18:05
До не си прав и кога стоиш. Ти Г-не стоиш исправено, ама мозокот не ти работи, а можеби знаеш дека мозокот го држи телото исправено. Со такви како тебе Македонија неповратно оди во колапс. Ако оваа одлична статија не ја сфати, тогаш немој те молам да пишуваш секакви нонсенси и немој да се брукаш.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.05.2010 09:22:00
Најстрашна е комбинацијата на искривен грб и искривен ум.Такво нешто ни пласира опозицијата. Немаш идеи а бараш од друг да ги има,ништо неправиш од страв како Брисел ќе го протолкува.Барањето став за решавање на проблемот со името го прогласуваат за провокација,кога ќе прозват по разни трибини на ТВ.Нема честитка до припадниците на безбедносните сили да не се замериш со албанскиот фактор и др.изместини однесувања.
Од: Hari
Датум: 17.05.2010 10:36:17
Ti i kriminalecot Milenko si davate za pravo da sudite koj e predavnik? Sto podrazbiras pod predavnik? Borba za ime sto postoi od 1945 godina? Milenko go razbiram, mora da bide patriot bidejki toa e centa za negovata sloboda??? Patrioti se DPMNE sto ja opljackaa drzavata, bankrot beter od Grcija??? Abe komu ce prodavate demagogija??? Lopovi!!!
Од: Stefan
Датум: 17.05.2010 10:48:34
Од кај ги вадите овие “Аналитачари“ како расипана плоча се...
Од: Бисери пред свињи.
Датум: 17.05.2010 11:18:10
Кога, синојка, го прочитав текстот го коментирав со пријатели и со задоволство си направивме ментална гимнастика, потикнати од анализата на авторот. Но, кога, утрово, ги прочитав коментарите (првите пет), се спуштив на земја. Море, опнав на земја како клада. Тоа сме „ние“ и, тоа ти е! Нема мрднување за нас. Умовите ни` ги врзале нозете и не` држат во калта.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 17.05.2010 11:19:44
Глумејќи голема наобразба,од својата обавезна Лектира,го цитираа делот каде „Македонецот бил како гранка која Се витка,но не се крши!“.Чудо од еластика!Потенцирајќи ја таа „врвна“карактеристика на етносот,одеднаш еволуираа во „несвитливи патриоти“!Сè останато,што се противи на нивната Величествена Глупост се прогласува за предавство!Живееме ли во ’48-та?Веќе се прават напори да се оцрнат и жигосаат „предавниците“.Движењето е веќе лансирано!Отворено се повикува на насилство врз секој кој се осмелува да мисли поинаку!Особено против оние чие поинакво мислење е поткрепено со Знаење!Противниците на „верата“ и на Монументалниот Кичерај се непожелни!Исто и оние кои се осмелуваат да му кажат Не на „нашето“Ура!По 20-тина години безглав стремеж кон Европа,сега,повторно Безглаво,вртат кон спротивната насока!Додворувањето кон „мислата“од врвот е од суштинско значење за напредокот на овие подлизурковци!Примитивни и Секогаш на правата линија!Секако!Бранувањето и скршнувањето се Строго Забранети!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.05.2010 14:37:37
Кој што сака нека пишува.Мене ме плаши искривениот ум на умните.Прекрасен напис.Ако на некого му се допагаат небулозите на власта само затоа што се од повластените од истата, значи че имаме проблеми.Колку големи ќе зависи само од нив. Вработи се - нема столче? седи дома земај плата, воздигај ја власта - плукај по нормалните? Дали нормалните ќе добијат шанса?????
Од: Prof. na praven fakultet
Датум: 17.05.2010 14:42:16
SAMO NA MEGUNARODNIOT SUD SE RESHAVA PROBLEM SO IMETO. Kako shto e kazano , ova postapka odi preku sovetodavnoto mislenje od sud do Generalnoto sobranie na ON. Sobranie, potoa, vospostavuva ustavnoto ime RM vo OON!! Soglasnost dadena na FYROM nema pravno dejstvo, bidejki denominacijata e nelegalna. Za ova soglasnost odlucuva Generalniot komitet na Generalnoto sobranie na ON. Zemajki deka postoi osnovano somnevanje za denominacijata, toj organ (komitet) predlaga tocka za dneven red na G. Sobranieto za rez.-prasahnje do Sud, za procenkata na legalitet na specifichnite uslovi za clenstvoto na drzavata. Na poteg e Vlada i Grujo!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Патриотизам на јарбол
Муфлони и фазани за нов дијалог
И слабеењето e лек за покачен притисок
Зошто бегаат странските пари
Во топ-форма
Вардар пак пустоши во Долни Полог
„Надоаѓа Пчиња како Дунав“
Да се преживее мајчинството
Босна и Херцеговина во шок по масакрот во Високо
Отворена фотоархивата на покорениот Берлин во 1945
Потребна е приказна за да се привлечат туристи
Нема замена за членството во ЕУ
Тајланд е блиску до граѓанска војна
Дали животните можат да бидат хомосексуалци?