Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

МЕРИДИЈАНИ

Да се преживее мајчинството

Бан Ки Мун


Ниту една жена не треба да плаќа со својот живот за давањето живот

Денот на мајката се одбележа во многу земји низ светот. Деца од сите возрасти подаруваа цвеќе, подготвуваа појадок, се јавуваа дома. Така треба да биде. На моите патувања низ светот, особено во неговите најсиромашни и најпроблематични места, научив дека мајките се тие што ги одржуваат семејствата заедно – всушност, тие што ги одржуваат целите општества недопрени. Мајките се „ткајачки“ на општеството. Тие го вртат светот. А сепак, премногу често светот ги изневерува мајките.

Да се стане мајка - значаен настан што се слави на Денот на мајката - може да значи големо бреме од страв, вознемиреност и загуба за многу жени и за нивните семејства. Жени како што е Леонора Покатеразас (21), која почина неодамна при породување во планинското село Колумпапа Гранде во Боливија, оставајќи го својот сопруг сам да одгледува три деца. Или Сара Омега, која има само 20 години, и помина 18 часа во породилни болки во болница во Кенија. Нејзиното бебе почина, но таа преживеа и, покрај ужасните повреди, решена е отворено да зборува со цел други да не поминуваат низ истото искушение. „Животот го загуби своето значење“, им порача таа на американските законодавци во 2008 година. Нејзиното сведочење помогна да се увери Конгресот да посвети поголема помош за развој на здравјето на мајките. Тие се само две од мошне личните стории зад шокантната статистика што ја објавува Фондот за население на Обединетите нации. Податоците ја покажуваат бездната што постои меѓу богатите и сиромашните земји, каде што е засегнато мајчинството. ОН се решени да го премостат таквиот јаз.

Во богатите земји, кога починува мајка при породување, претпоставуваме дека нешто тргнало наопаку. За разлика од нив, за жените од земјите во развој, умирањето при породување едноставно е факт на животот. Во некои земји, секоја осма жена починува при породување. Компликациите од бременост и породување се главна причина за смрт кај девојчиња на возраст од 15 до 19 години во целиот свет. Во сиромашните земји, бремените жени често мораат сами да се грижат за себе, тие немаат здравствена заштита и немаат каде да се обратат. Можат да се обидуваат да најдат соодветна прехрана и да работат долги часови во фабрики и во полиња се' до денот на породувањето. Тие раѓаат дома, можеби со помош на бабица, која, најверојатно, нема медицинска обука.

Јас лично сум роден дома, во мало село во Кореја. Едно од моите детски сеќавања е кога ја прашував мајка ми за еден редок обичај. Жените кои требаше да се породуваат се загледуваа во своите едноставни гумени чевли, што се чуваа до задната врата. Мојата мајка објаснуваше дека тие се прашувале дали некогаш повторно ќе ги облечат тие чевли. Породувањето беше толку ризично што тие стравуваа за нивните животи. Во Америка, пред само 100 години, жените биле со речиси сто пати поголема веројатност да починат при породување отколку што се денес.

Знаеме како да ги спасиме животите на мајките. Едноставни испитувања на крвта, консултација со лекар и некој квалификуван да помогне околу породувањето, може да значи огромна разлика. Ако на тоа се додадат некои основни антибиотици, трансфузии на крв и безбедна оперативна сала, ризикот од смрт речиси може да се елиминира. Податоците покажуваат дека постигнуваме напредок во помошта за жените низ светот. Сепак, ни претстои уште многу далечен пат. Секоја година стотици илјади жени умираат при породување, 99 отсто од нив во земјите во развој. Тоа е причината зошто јас, како генерален секретар, зборувам за потребите на мајките и на бремените жени во секоја прилика. Минатиот месец ОН започнаа заеднички план на акција со влади, компании, фондации и организации од граѓанското општество со цел да се унапреди таа витална кауза. Сметам дека луѓето од целиот свет ќе не' поддржат да се оконча тој тивок скандал.

Ниту една жена не треба да плаќа со својот живот за давањето живот. На Денот на мајката им оддадовме чест на мајките во светот со ветување дека ќе направиме се' што можеме за да биде мајчинството побезбедно за сите.

(Авторот е генерален секретар на Обединетите нации. Пишува

за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата

на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 920 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 17.05.2010 08:22:34
Nazalost i nasava Makedonija e vo redot na nebezbedno poroduvanje .Samo vo posledno vrme izgubivme sedum mladi zeni na poroduvanje.Toa e grozno i neodgovorno.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Патриотизам на јарбол
Муфлони и фазани за нов дијалог
И слабеењето e лек за покачен притисок
Зошто бегаат странските пари
Во топ-форма
Земјата на исправениот грб и искривениот ум!
Вардар пак пустоши во Долни Полог
„Надоаѓа Пчиња како Дунав“
Босна и Херцеговина во шок по масакрот во Високо
Отворена фотоархивата на покорениот Берлин во 1945
Потребна е приказна за да се привлечат туристи
Нема замена за членството во ЕУ
Тајланд е блиску до граѓанска војна
Дали животните можат да бидат хомосексуалци?