Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Тајланд е блиску до граѓанска војна

Војската зазеде позиции покрај патот што води до кампот и пука со жива муниција кон секого што ќе и' се приближи

БАНГКОК - Војската на Тајланд вчера соопшти дека нема да биде воведен полициски час во делови од Бангкок, бидејќи се' уште не се потребни ограничувања во текот на ноќта. „Се' уште не е потребно да се користат такви мерки, бидејќи стравуваме дека негативното влијание врз јавноста ќе натежне пред користа“, изјави генерал-полковник Аксара Кердфон од Центарот за решавање вонредни ситуации.

Тајландските власти поставија ултиматум за демонстрантите кои кампуваат во Бангкок од март, повикувајќи ги жените и постарите лица да го напуштат кампот до понеделник попладне. Од Црвениот крст е побарано да помогне да се наговорат луѓето да го напуштат кампот, каде што демонстрантите го повикуваат премиерот Абхисит Веџаџива да поднесе оставка. Еден лидер на протестите рече дека Тајланд е блиску до „граѓанска војна“ по судирите со војската во кои загинаа најмалку 25 лица. Неколку стотици демонстранти се собираат во друг дел од градот.

Војската зазеде позиции покрај патот што води до кампот, додека очевидци јавија дека таа пука со жива муниција, наводно, кон секого што ќе и' се приближи. Абхисит ја одложи новата училишна година во градот за една недела, но планираниот полициски час е откажан. Тајландската телевизија прикажа снимки од жени и деца кои го напуштаат местото на протестите.

Судирите се разгореа во четвртокот кога војската се обиде да го изолира утврдениот камп на демонстрантите. Илјадници луѓе кои сметаат дека Абхисит дошол на власт недемократски, остануваат зад импровизираните барикади од гуми, вреќи со песок и бамбусови прачки во комерцијалниот кварт Ратчапрасонг. Демонстрантите се познати како „црвени кошули“, според бојата што е нивен препознатлив знак. Тие сакаат премиерот да се повлече за да се создаде простор за нови избори.

Лидерите на „црвените кошули“ бараат засилувања, но демонстрантите кои доаѓаат од целата земја не можат да го пробијат воениот кордон, и се собираат во близина. Неколку стотици приврзаници на „црвените кошули“ се собраа околу мобилна сцена поставена во централната област Клонг Тоеј во Бангкок, а лидерите на протестот повикаа на собир на друга подвижна сцена во северниот дел од градот.

Во телевизиското обраќање во саботата, Абхисит рече дека војската нема да се повлече од операцијата за разбивање на демонстрантите. „Не можеме да ја оставиме земјата во ситуација во која луѓето кои не го почитуваат законот го држат во заложништво народот на Бангкок, како и центарот на државата. Не можеме да дозволиме ситуација каде што луѓето формираат оружени групи и соборуваат влада бидејќи не се согласуваат со неа“, рече тој. Абхисит истакна дека меѓу демонстрантите има неколкумина оружени „терористи“. Воен портпарол изјави дека војската планирала да влезе во кампот на демонстрантите доколку тие не се разотидат, но не наведе кога. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 498 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Патриотизам на јарбол
Муфлони и фазани за нов дијалог
И слабеењето e лек за покачен притисок
Зошто бегаат странските пари
Во топ-форма
Земјата на исправениот грб и искривениот ум!
Вардар пак пустоши во Долни Полог
„Надоаѓа Пчиња како Дунав“
Да се преживее мајчинството
Босна и Херцеговина во шок по масакрот во Високо
Отворена фотоархивата на покорениот Берлин во 1945
Потребна е приказна за да се привлечат туристи
Нема замена за членството во ЕУ
Дали животните можат да бидат хомосексуалци?