Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

И слабеењето e лек за покачен притисок

Дури 47 отсто од населението кај нас е со прекумерна тежина

Јасмина Јовановска


Покачениот крвен притисок може да се намали и со слабеење. Докажано е, велат стручњаците, дека намалувањето на тежината за 10 килограми го намалува крвниот притисок за пет-десет милиметри живин столб.

Со губење на вишокот килограми, додаваат нефролозите, доколку лицето има благо до умерен покачен крвен притисок, може да се одложи почетокот на лекувањето со лекови за половина до една година. Доколку, пак, веќе се користи некоја терапија, со намалувањето на прекумерната телесна тежина, може да се намали дозата или бројот на лекови за покачениот крвен притисок.

Затоа, меѓу првите препораки за зголемен крвен притисок или хипертензија што им ги даваат лекарите на пациентите кои се дебели е да ја намалат телесната тежина. Веќе јасно постои врска меѓу дебелината и покачениот крвен притисок, односно вредностите на крвниот притисок растат како што се зголемува индексот на прекумерна тежина.

Дебелината станува се' поголем глобален здравствен проблем. Како што расте бројот на лица со покачена телесна тежина, така расте и стапката на лицата со покачен крвен притисок. Во САД за пет години бројот на дебели лица е зголемен за околу пет отсто, или повеќе од половина од нацијата се дебели. Кај нас одредени истражувања покажуваат слична стапка на дебелината. Околу 47 отсто од населението во земјава е со прекумерна телесна тежина. Овие лица, предупредуваат лекарите, се со зголемен ризик за да добијат хипертензија, некоја срцева болест, мозочен удар, дијабетес. Одредени студии покажуваат дека околу 30 отсто од децата до 14 години се со прекумерна тежина.

„Дебелината е хронична болест и според клиничките упаства се лекува во два чекора што треба добро да ги разберат и лекарот и пациентот. Прво се први процена преку мерење на индексот на телесна маса, мерење на обемот на половината, како и процена на севкупниот здравствен ризик“; објаснува д-р Катица Зафировска, раководителка на Одделот за хипертензија на Клиниката за нефрологија во Скопје. Според неа, многу истражувања покажуваат дека мажи кои имаат обем на половина поголем од 102 сантиметра и жени со обем поголем од 88 се со поголем ризик за хипертензија и кардиоваскуларните болести.

За да се превенира појавата на хипертензија и други болести, како последица на дебелината, лекарите препорачуваат намалување на вишокот килограми. „Но, за да има ефекти, на терапија со слабеење треба да е подготвен и пациентот“, додава д-р Зафировска. Терапија со слабеење се препорачува за лица со индекс на телесна тежина над 30. Целта на терапијата е да се намали тежината и да се одржи намалената тежина подолго време.

„Не се препорачува нагло губење на килограмите со разни брзи диети. За почеток добро е тежината да се намали за 10 отсто во рок од шест месеци. Брзината на намалување треба да биде од половина до еден килограм неделно“, појаснува д-р Зафировска.

Слабеењето треба да биде со промена на начинот на исхрана под контрола на лекар, како и зголемување на физичката активност, на пример, со брзо одење по 30 минути секој ден. Ако со намалувањето на тежината нема успех кај притисокот за половина година, тогаш треба да се разгледа можноста за лекување на покачениот крвен притисок со таблети.

За правилна процена и лекување на дебелината, Македонската асоцијација за хипертензија издаде упаство за пациенти со прекумерна тежина, базирано врз медицина заснова на докази. „Ова упаство треба да е практична алатка за лекарите како подобро да ги проценат и лекуваат дебелите лица“, порачува д-р Зафировска по повод 17 Мај - Светскиот ден против хипертензија. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1978 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 17.05.2010 01:14:09
EUREKA. Go otkrivte toa sto treba da se znae uste od sedumgodisna vozrast. Avstralija e najdebelata nacija na svetot. Brojot na smrtnite slucaji povrzani so debelina za prv pat go nadmina brojot na smrtni slucai povrzani so pusenje. Vo Makedonija mladite roditeli gi pustaat decata na skolo so taksi. (Da ne recat komsiite deka nemame pari), Na odmorot zadolzitelno jadat sendvici so super bel leb, salama, kaskaval, samoprajski majonez (100% zejtin) i kompir isprzen vo pregoren zejtin. Idealna formula za brzo debeleenje. A potoa.....invalid. P.S. Najvazno e toa sto site TV se prepolni so turski i juznoamerikanski drami, snimeni vo edna soba za 2 saata. Narodot e srekjen. Nema koj da go fati za raka i da mu kaze sto vredi vo zivotot.
Од: Пица Вегетаријана
Датум: 17.05.2010 11:46:22
Сега ми е сосем јасно!Цигарите и алкохолот ни ги забранија поради високиот притисок!Преголемата Грижа за високиот притисок кај сопствениот народ е здрава!Освен лекување со Споменици,наскоро „нашите“ќе воведат нова кура: Лекување без плати и без пензии!Докторите ќе ги замниме со бајачки и исцелители,а Особено барани ќе бидат Ловците на Вештерки!Поради штетноста на лековите и млекото имаме целосен нивен недостаток!На ред е месото!Наместо лекување со лекови,ќе ни остане поздравата варијанта за лекување - со Трева! :)

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Патриотизам на јарбол
Муфлони и фазани за нов дијалог
Зошто бегаат странските пари
Во топ-форма
Земјата на исправениот грб и искривениот ум!
Вардар пак пустоши во Долни Полог
„Надоаѓа Пчиња како Дунав“
Да се преживее мајчинството
Босна и Херцеговина во шок по масакрот во Високо
Отворена фотоархивата на покорениот Берлин во 1945
Потребна е приказна за да се привлечат туристи
Нема замена за членството во ЕУ
Тајланд е блиску до граѓанска војна
Дали животните можат да бидат хомосексуалци?