Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Црвенковски ќе ја води протестната колона

Бранко Црвенковски, шеф на најголемата опозициска партија, утре ќе го предводи протестниот марш низ скопските улици, а пред 15 часот се очекува да има кратко обраќање кај Собранието. Целта на неделниот протест е да и' се испрати уште една силна порака до власта дека треба да си замине, бидејќи води погубна политика што ја турка Македонија во изолационизам.

Сенародниот марш ќе значи охрабрување на оние што се плашат од притисоци од власта, „за достоинство на народот, за негова слобода, за правото на подобар живот“... На протестот ќе се придружи целиот опозициски фронт, но одделни партии, иако се во опозиција, најавија дека нема да се приклучат. Либералдемократите не го поддржуваат протестниот марш, бидејќи сметаат дека тоа не е марш на опозицијата, туку на СДСМ. Во Нова демократија на Имер Селмани, пак, велат дека го поддржуваат секој протест „против оваа анти ЕУ, анти НАТО и антиалбанска власт“, но дека физички нема да бидат присутни на маршот низ скопските улици, затоа што имаат слични активности, односно партиската агенда им налага средби со нивните гласачи и симпатизери. На протестот СДСМ не покани ниту една од албанските партии, кои не се во власта, а и тие не најавија присуство.

Иако утрешниот протест се случува нецели десет дена по штипскиот општонароден собир што го организираше СДСМ, на „Бихаќска“ се оптимисти дека маршот ќе биде масовен. Поаѓањето е закажано во 13 часот во Карпош 3, кај бензинската пумпа, а колоната ќе се движи низ „Партизанска“ се' до Собранието. Покрај тоа што нагласи дека СДСМ е одговорна партија и дека воопшто не размислува за насилно влегување во институциите на државата, Црвенковски упати апел до МВР да си ја извршуваат работата, строго почитувајќи го законот. (Б.Ј.)




#
Статијата е прочитана 1180 пати.

Испрати коментар

Од: V
Датум: 04.12.2010 12:09:48
Remember, remember the Fifth of December
Од: подржувач
Датум: 04.12.2010 13:05:57
Ај дасе покаже дека има кои не размислуват РОЗЕВО.Подршка само напред.
Од: Трпе
Датум: 04.12.2010 13:44:19
Кога беше митингот во Скопје лавот во овча кожа беше ранет.Кога беше митингот во Прилеп,пак му ја отворија раната.Кога беше митингот во Штип на раната му ставија сол.Незнам како ке се однесува после маршот на 5 декември,дали ке продолже да рика или ке го свие опашот и ке бега.Дали ке биде уништена мисијата Долина на волците.Разбира се ако овците сватат која е нивната задача.
Од: Branko
Датум: 04.12.2010 13:58:05
Pa da ne misli B.C.de ka će go oponira pokojni Đinđič pa da go ruši Milošević?Će sobere samo partiski nekoi členovi ili ako im plati po 1000 den. na sekoj čovek da učestvuvaat vo maršot,da bide kolku tolku masoven.Narodot go pročita i B.C. i negovite najbliski i celiot SDSM taka ne me čudi što odzivot će bide nikakov.Partija i čovek bez programa,čovečnost,dostinstvo i bez lice nema šansi da go smeni na izbori VMRO i Gruevski,nie kolku i da go nejćeme i da velime deka vladee so familijata i krade pa na negova strana se site anketi a anketite se narodot.SDSM samo će se obruka kako što go napravi toa i pred A1
Од: jas ne sum mazohist
Датум: 04.12.2010 14:13:39
Cudno da ne moze da bide pocudno. Nekoi velat makar i da se vladee so familija i da se krade sepak sme za niv. Vo naukata toa se vika mazohizam. E pa site ne sme mazohisti. Znam deka nekoi vednas ke oponiraat deka B.C. kradel na vremeto uste poveke. No odnapred da im odgovoram deka B.C. e edinstveniot za koj veke pet godini postoi posebno odelenie vo MVR za da go sredi. Od druga strana cetirite stana na mama stojat zapisani vo istorijata kako vecni pametnici na cesnosta.
Од: bitola
Датум: 04.12.2010 16:45:49
Emoj narode; nitu ovaj b.c ke gi vrati ukradenite pari [tat,privatizacija.....] nitu grujo ke vrati nesto pa kori i gluvi da bevte ke svatefte. 20g slusam ti tolku ukrade, i vie taka praevte-zatvor nikoj ne ojde......
Од: Горче
Датум: 04.12.2010 19:39:36
Ке воде само негои сопартијци и може да дојдат лугето на Велија и на Обединети за Македонија, други јок бе братче! Знае се кој ке бидат!
Од: Моето
Датум: 05.12.2010 23:45:52
Уште ли со Бранко напред. Уште ли во оваа партија не се најди некој поасален. Жалосно!
Од: Kral Marko_pp
Датум: 06.12.2010 02:31:57
Само колони знај да напрај Б.Ц. Колони од стечајци, невработени, ограбени штедачи и тн. Најголем хит му е шо застана на страната на господино А1 и очигледно е дека го поддржува во неговиот криминал. За греФ !!!

Најди! во Утрински
Политика
Крај на едно незапочнато пријателство
Министрите како холивудски ѕвезди
Истражувачкото новинарство е да информира за злоупотреби на моќта
Популизмот ја подгрева недовербата кон ЕУ
Администрацијата ќе се груевизира
Инспекторите ќе одговараат за измама
Да се учи јазикот на другиот
Казни за игротеки
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice