Истражувачкото новинарство е да информира за злоупотреби на моќта
Форум на ВАЦ во Будимпешта за предизвиците на новинарството
Будимпешта - Ласло Кевер, претседател на унгарскиот парламент, и д-р Срѓан Керим, специјален претставник на управата на групацијата ВАЦ за Југоисточна Европа и претседател на 62. заседание на Генералното собрание на ОН, како и Франк Шпенглер, заменик-раководител на Одделот за европска и меѓународна соработка на фондацијата „Конрад Аденауер“ во Берлин, во четвртокот вечерта во Будимпешта го поздравија Медиумскиот форум на Југоисточна Европа, на кој учествуваат повеќе од 250 странски и домашни гости, меѓу кои новинари, правни експерти и политички претставници. Форумот е еден од најзначајните годишни собири на новинарската фела од Средна Европа и од Југоисточна Европа.
На денот на отворањето на регионалната медиумска конференција беше дискутирано и за последните објави на порталот „Викиликс“. Меѓу темите за дискусија се вброи и законската регулатива за слободата на информирање.
Вчера се расправаше за истражувачкото новинарство, транспарентноста на сопственичките односи во медиумите и пристапот до тајните архиви.
Конференцијата е поддржана од медиумската групација ВАЦ од Германија, во соработка со фондацијата „Конрад Аденауер“, како и Медиумската организација на Југоисточна Европа - СЕЕМО.
Заедничката награда на ВАЦ и на Меѓународната федерација на новинари за 2010 година им беше доделена на унгарскиот тим новинари Јозеф Гелеи и Ласло Мураниј, како и на хрватскиот новинар Хрвое Шлабек, кој го освои второто место.
Зборувајќи на отворањето, Срѓан Керим нагласи: „За сите оние што ги читаат деновиве насловите во весниците и ги гледаат вестите, феноменот ’Викиликс‘ очигледно е во центарот на вниманието. Имајќи го на ум ова, би можело да се рече дека организаторите на Медиумскиот форум за Југоисточна Европа во Будимпешта се визионери, бидејќи подготвија таква агенда. Зошто? Бидејќи тие покажаа еден вид пророштво, поради што нашите размислувања се повеќе од возбудливи. Токму во овој случај, прашањето е: дали зборуваме за пристап до информации или за упад, што претставува кршење на многу етички, политички и правни принципи? Тоа е легитимна дилема во овој момент. Сепак, не треба да дозволиме бебето да биде фрлено со водата за капење“, нагласи Керим.
Тој го постави прашањето за истражувачкото новинарство. „Бидејќи новинарството повеќе не е за зачувување (никогаш не требаше да биде), туку за промени и развој. Ние, народот, ќе бараме акциите и информациите на власта да можат да се истражуваат и поврзуваат. Кога ќе се случи тоа, милиони други очи ќе бидат вперени кон власта, пронаоѓајќи стории за кои новинарите потоа ќе можат да известуваат.
Мисијата на истражувачкото новинарство е да информира за злоупотреби на моќта и предавства на јавната доверба од страна на власта, компаниите и другите институции, користејќи ја моралната сила на истражувачкото новинарство за поттикнување реформи преку долготрајно истакнување на погрешното работење. Во интерес на јавноста, треба да се фокусираме на навистина важни стории, со морална сила.
На денешните новинари-истражувачи им недостасуваат ресурси. Времето и буџетските ограничувања ја потиснуваат способноста на новинарите кои не се специфично назначени како истражувачи да вршат вакво известување покрај своите редовни задолженија. Дневните весници, ТВ-мрежите и списанијата ги затвораат или ги намалуваат истражувачките одделенија.
Зошто улогата на медиумите е од суштинско значење? Одговорот, според мојот истакнат колега Бодо Хомбах би бил: ’Озборувањата можат да прово��ираат потреба за истраги. Соодветните истраги ги уништуваат озборувањата. Самата истрага или ги негира или ги модифицира и, на крајот, ги потврдува озборувањата. Токму затоа, соодветната истрага значи трагање по вистината“, рече во своето излагање Срѓан Керим. (Д.Р.)
??
??
??
??
C:\Dokumente und Einstellungen\afrodita.zevairovska\Desktop\Pressemitteilung Budapest 312210 korr.doc
|