Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Крај на едно незапочнато пријателство

Битката во албанскиот камп добива драматични димензии

Александра М. Митевска


Шансите за изборно партнерство меѓу ДУИ и Нова демократија стануваат се' понереални, наспроти реалноста во која растат тензиите меѓу двете партии што останаа во парламентот да ги бранат боите на политичкиот блок на Албанците. Иако пред извесно време наголемо се шушкаше дека Имер Селмани, по разделбата со Мендух Тачи, ќе заврши кај Али Ахмети, курсот што го зазема НД, напуштајќи го граѓанскиот концепт и стремејќи се кон етноцентризам, тешко се вклопува во новата шема на ДУИ - како конструктивен партнер во владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Несогласувањата меѓу ДУИ и НД ескалираа деновиве, кога во Собранието за влакно беше избегната тепачка меѓу Селмани и интегративецот Талат Џафери. Инцидентот избувна по донесувањето на Законот за попис, а откако НД се промовираше како главен противник на регулативата според која во април следната година ќе се попишуваат населението и домаќинствата во државава. „Мислам дека по овие случувања се демантирани сите шпекулации дека договараме соработка со ДУИ“, вели портпаролот на НД, Адријанит Хоџа.

Тој тврди дека новите демократи ќе одат сами на следните парламентарни избори, иако, како што вели, не верува дека наскоро ќе има избори. „Секако, ние сме заинтересирани да има избори што поскоро и ќе дадеме поддршка за секоја иницијатива во таа насока. Ќе ја поддржиме и интерпелацијата на СДСМ за Владата, со тоа што ќе гласаме за недоверба на владиниот Кабинет“, нагласува Хоџа, кој веќе ја гледа НД како иден изборен победник во албанскиот камп, поради тоа што, како што вели, граѓаните ги увиделе катастрофалните политики на ДУИ.

Медиуми на албански јазик пред неколку месеци објавија дека Ахмети и Селмани договараат заеднички изборни листи за заедно да му се спротивстават на својот заеднички политички противник - Тачи. Наводно, посредничка улога во преговорите меѓу НД и ДУИ имале соработниците на Селмани - поранешниот косовски премиер Агим Чеку и аналитичарот Кочо Данај.

Меѓутоа, од новото политичко пријателство што тогаш се најавуваше, очигледно, не излезе ништо, па сега НД со сета сила пука кон ДУИ, која во последно време се наоѓа во вкрстен оган, откако почна да се спроведува лустрацијата, така што и ДПА се реактивираше на јавната сцена. И за разлика од порано, кога Тачи повеќе се конфронтираше со Бранко Црвенковски, а потоа со Никола Груевски, отколку со Али Ахмети, сега владејачката ДУИ е главна цел на ДПА и на нејзиниот лидер. НД, пак, се чини од поодамна не е предмет на интересирање во ДПА, особено откако дел од пребеганите кадри кај Селмани му се вратија на Тачи. Освен тоа, лидерот на ДПА деновиве доби засилување - во лицето на новата партија што се залага за кантонизација на Македонија, а која произлезе од НВО „Реалитети“, која пролетва протестираше против политиките на владејачките партии кон Албанците.

Пописот и лустрацијата дополнително го разгореа огнот во албанскиот политички блок, така што судирите меѓу најголемите партии на Албанците станаа уште пожестоки, во споредба со недоразбирањата меѓу партиите од македонскиот камп. Аналитичари коментираат дека наредните избори ќе бидат одлучувачки за партиите од албанскиот камп, кон кој наскоро би можело да се приклучи и партијата што ја најави Руфи Османи. За ДПА, според аналитичарите, изборите ќе претставуваат тест за опстанок на партијата, која се' уште целосно не е повратена откако во 2008 година ја изгуби власта. НД, пак, прв пат ќе излезе на парламентарни избори, што ќе значат процена на реалната моќ на партијата, особено ако се остварат најавите за нејзин соло-настап. Сепак, изборите би требало да бидат најголем предизвик за ДУИ, особено по турбуленциите низ кои минува партијата, која осум години е највлијателна во албанскиот блок, но која во последните две и пол години не успеа да придонесе за пробив на Македонија на патот кон НАТО и ЕУ.


#
Статијата е прочитана 1081 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 04.12.2010 12:51:33
Кој паметен би коалицирал со Вмро и Дуи.Иста крвна група се ко една мајка да ги родила.
Од: genti
Дату��: 04.12.2010 15:25:44
Dui treba da letne od politickata scena oti gi prodade interesite na Albancite osobeno so popisot koga 40% od albancite vo diaspora ne ke mozhat da se popishuvaat kako zhiteli na ovaa drzhava.Ne pametat Albancite ovakva antialbanska partija kako shto e DUI ovie gospoda dojdeni od pllanina se ushte mislat deka vo planina se osobeno so posledniot incident na TALAT GOSTIVAROT koga namesto toj da gi brani interesite na Albancite bidejki zatoa zema plllata toj gi navredill pratenicite na DEMOKRACIA E RE.Albancite imaat samo edna partija koja gi brani nivnite interesi taa e DR na IMER SELMANI koja saka ili ne saka DUI na slednite izbori e pobednik
Од: k2
Датум: 04.12.2010 16:20:15
Zabegan treba obratno da se prasas koj NORMALEN bi koaliciral so ND SDSM OM VMRO-NP I LPD

Најди! во Утрински
Политика
Министрите како холивудски ѕвезди
Истражувачкото новинарство е да информира за злоу��отреби на моќта
Популизмот ја подгрева недовербата кон ЕУ
Администрацијата ќе се груевизира
Црвенковски ќе ја води протестната колона
Инспекторите ќе одговараат за измама
Да се учи јазикот на другиот
Казни за игротеки
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society