Администрацијата ќе се груевизира
„Груевски и Маневски го подготвија и последниот удар што треба да и' се зададе на државната администрација, со цел да спроведат нејзина целосна ’груевизација’“, оцени вчера потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
Тој на прес-конференција посочи дека Владата поднесе во Собранието нови измени на Законот за државни службеници, што „поради стравот од реакциите на јавноста ги подготвија тајно, без јавни расправи, дискусии и стручни консултации“.
Според Георгиев, во Владата се свесни дека наскоро ќе има предвремените избори, па затоа било договорено овие законски измени да се усвојат во итна и скратена постапка. Целта, како што вели тој, не е да се подигне ефикасноста на администрацијата или да се гарантира нејзина департизација и професионализација, туку масовно отпуштање на државни службеници од работа и нивна замена со политички подобни кадри, пред да се спроведат предвремените избори. (П.Р.) |