Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Забава

Мода

Стилот не се купува, стилот се гради

Небојша Толески, моден дизајнер, го темели
својот раскошен талент врз автентичниот, смирениот гламур

Валентина Тодоровска


Небојша Толески ја сака модата откако знае за себе, всушност, тој спаѓа во оние среќници што немале никаква дилема во врска со изборот на професијата. Сака кога ќе почувствува гламур, макар ронче, од она што секоја жена го носи во себе. Вели, некои жени гламурот го откриваат откако ќе се вљубат, некои откако ќе донесат голема животна одлука... Ова се негови монолози врзани за модата.



Мода VS стил

Трансплантацијата на модата е она што ја прави себеобновувачка, ревитализирачка и променливо стабилна. Се трансплантираат минатите времиња за да се вметнат во сегашноста, се земаат здрави ткива за обновување на дотраените модни клетки, се прават резови со кои може да се предвиди модната иднина... Со медицински речник можам само малку да ја сублимирам комплексната мода. А, стилот, пак, е својствен на нас самите. Го обликуваме и го вајаме според себе. Грешката е во лошото интерпретирање на облеката. Обидувајќи се да бидеме различни, честопати грешиме. А тоа е така затоа што стилот не се купува, тој се гради. Автентичноста на индивидуата е окарактеризирана преку стилот. А, стилот не се само разнобојни крпчиња. Дури и држењето на чашката вино може да покаже каков стил имате.



Дизајнерски израз низ минатото, сегашноста и иднината

Обожавав да ја гледам „Династија“, ха, ха, ха, Алексис ми беше поим за мода, денес би ја потсредил малку, онака како што сметам дека треба и како што и' прилега на годините. Да, од мал знаев дека ќе бидам моден дизајнер и моден новинар. Се „билдав“ себеси со модно знаење преку различни медиуми што ми ги отворија ширум вратите да го впијам знењето. Нема да ве заморувам со почетоците, модните грешки, модните катастрофи што сум ги правел, бидејќи сум ги правел, но ќе кажам дека мојот дизајнерски израз е последица на мојата страст кон убавото, прочистеното, реалното. Го сакам смирениот гламур и не паѓам во несвест дали е тоа исправно или не.



Муза во и за креирањето

„Инспирација може да ми биде се'“... е оваа реченица не важи за мене. Мене ме инспирираат древните цивилизации, симболите, невидливите пораки што ги оставале оние пред нас... Сакам да го доловам мирисот на старото и да го присоединам со мирисот на новото време. Постојано создавам. Ама најголемата продукција на креации ми е во мозокот. На виделина веројатно излегува само еден дел. Но, страшно би било кога би ги пуштил сите мисли и инспирација да ’пасат‘ во реалноста . Затоа пак, знам да балансирам. Муза немам!


Улична мода

Ја сакам уличната мода. Таа е едното лице на модата. Мислам дека тоа е она, понасмеано, бидејќи ја има слободата да експериментира.



Висока мода

Другото лице на модатата. Мислам дека е она изопаченото, софистицираното, префинетото... Ама тоа е лице кое е само скапо нашминкано. Но, сите ја сакаме модната слобода ама нашминкана и префинета. Високата мода не е за секого. Кај нас секој сака да каже дека креира висока мода. Раскошна мизерија е тоа.


Ние и мода

Понекогаш ме фаќа паника кога треба да одговорам за модата кај нас зашто секогаш велам дека е лоша. Е па, не е многу. Пред извесно време си игравме мода, а сега некако го поднаучивме орото. И тоа ме радува. Имаме млади таленти што сметам дека би направиле добар моден исчекор, но само ако се свесни што значи да се биде дизајнер. Се надевам дека нема да согорат во зенитот на својата слава, а ова важи и за мене. Скопје се отвара модно, но недоволно. Конираните изгледи има насекаде, ама кај нас долго време се во мода. Модната култура ќе дојде тогаш кога ќе сакаме да ја прифатиме. Не знам кога е тоа?...


Идоли

Неодамна слушнав или прочитав дека ако си ги сакал креациите на светскиот дизајнер Ели Сааб си бил селјак! Демек, требало да се почитуваат креациите на авангардните дизајнери. Изборот е личен. Запомнете дека сите дизајнери и дизајнерки куќи заработуваат од нас. Дали се сељаци или не, никој не го интересира. Го сакам Валентино. Неговата прецизност и софистицираност. Лагерфелд ме восхитува со секогаш новите црна и бела боја, а Стела Макартни би сакал лично да ја запознаам и да продискутираме за модниот шик. Ова последново ќе се реализира набрзо.



Чудо - магија наречена ревија

Мојата последна колекција „Меч“ е сето она што го кажав. Во неа сместив дел од мојата дизајнерска приказна. Останатите делови ќе ги раскажам наскоро. Подготвувам нова колекција. И секогаш ќе се трудам да бидам искрен во моите дизајни, да бидам во служба на убавината и да придонесам скромно за македонската модна сцена. Белградската модна недела ја оцени мојата последна колекција за светски дизајнерски израз. Тоа ми е доволен поттик за создавање...


#
Статијата е прочитана 1479 пати.

Испрати коментар

Од: Tamara
Датум: 29.08.2011 11:29:52
Ne, stilot se ima ili nema. Ne moze nisto da se gradi ako se nema bazata.

Најди! во Утрински
Забава
Нова колекција во октомври
Ревија на родољубиви песни
Го кажа ветувачкото „да“
Прва награда за Александар Белов
Се омажи ќерката на газдата на Формула 1

"""