Софија Копола
Го кажа ветувачкото „да“
Режисерката Софија Копола („Загубени во преводот“) му го кажа судбоносното „да“ на францускиот рокер Томас Марс во италијанското гратче Берналда. Свеченоста за 80 луѓе се случи во вила што ја реновираше нејзиниот татко Франсис Форд Копола, а церемонијата ја водеше градоначалникот на тоа место, Леонардо Чирузи.
Беше интимно, мирно и домаќински како што сакаа младоженците. Гостите уживаа во локалните специјалитети направени од сирење, тестенини, риба и прасечко, а се пиеше од семејната визба.
Имено, за ова гратче се врзуваат најубавите семејни спомени, а во 1904 година, дедото на Софија, Авгостино,емигрираше во Америка каде што ја започна ��аботата во филмската индустрија. Ама во Берналда им остана срцето.
Инаку, Софија и Томас се заедно неколку години и имаат две ќерки - Роми (4) и Космо (1). |