Прва награда за Александар Белов
На годинешното издание на „Охрид фест - охридски трубадури“, според гласовите на публиката во Долни Сарај, победи Александар Белов, а победничката екипа се и авторите на „Сонот мој“ , Владимир Дојчиновски и Андреј Миске. Втората награда и' припадна на убавата Викторија Лоба, која ја изведе песната „Девет работи“, додека на третото место се најде
Христијан Тодоровски-Кико, кој ја интерпретираше „Ти си опасна“, потпишана од Јован и Иван Јованови.
Жирито на фестивалот ги награди Елена Петреска („Лажлива“ на Дарко Тасев и Весна Малинова), Верче Пандиловска, која ја изведе „Кактус“ на
Светослав Лобошки и Огнен Неделковски, додека третата му припадна на Џон Илија Апелгрин и композицијата „Дојди ми“ на Вадимир Дојчиновски. |