Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Забава

Петра, Еклстон

Се омажи ќерката на газдата на Ф1

Петра, ќерка на милијардерот и газда на Формула 1, Берни Еклстон, се омажи за бизнисменот Џејмс Стант, а „спектаклот“ чинеше 5 милиони фунти или 5 и пол милиони евра.

На венчавката што се случуваше завчера во Рим беа присутни 250 ВИП-гости кои до дворецот пристигнуваа во специјални лимузини. Инаку, дворецот каде што се случуваше церемонијата Берни го најми за 310.000 фунти и целиот беше украсен според мотото на Петра „Магичен свет“.

До дворецот Петра стигна во „ролс ројс“, што го возеше славниот Жан Алези, во придружба на својот татко, а во 18 часот попладне почнаа да пристигнуваат гостите. Невестата ја имаше венчаницата која за неа специјално ја креираше Вера Ванг за 80.000 фунти.

Откако Петра и Џемс го кажаа своето „да“, гостите уживаа во серенадите што ги пееше Андреја Ботичели и наздравуваа со шампањ, кој вреди 4.000 фунти по шише.

Првото танго двојката го изигра со песните на Ерик Клептон, а потоа гостите продолжија со забавата што им ја приреди групата „Блејк ајд пиз“.

На венчавката присуствуваа многу познати ликови - Парис и Ники Хилтон со својата мајка, принцезата Сара Фергусон и нејзината ќерка Беатриса, бившиот шеф на Формула 1, Жан Тод.


#
Статијата е прочитана 2535 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Стилот не се купува, стилот се гради
Нова колекција во октомври
Ревија на родољубиви песни
Го кажа ветувачкото „да“
Прва награда за Александар Белов

"""