Сончеви колектори во „Видое Подгорец“
Струмица – Основното училиште „Видое Подгорец“ од Колешино прво во регионот ќе добие систем од сончеви колектори за осветлување на спортското игралиште, училниците и на работните простории. „Воведувањето и користењето на алтернативни извори на енергија е приоритет на сите европски фондации. Училиштето во Колешино е меѓу првите во државата и прво во регионот во кое ќе бидат инсталирани сончеви колектори и за нас тоа претставува особена гордост“, вели градоначалникот на општина Ново Село, Петар Спасов. Инаку, п��еку ПЕП-програмата на УСАИД, годинава за реконструкција на ова училиште се обезбедени околу 1,6 милиони денари. Со овие средства веќе се заменети старите врати и прозорци со алуминиумски, изградени се преградни ѕидови меѓу некои училници и во други делови од ентериерот. (МИА)
|