Адресар со податоци за општините
Телефони и податоци за сите општини во државата можат да се најдат на едно место, во Адресар на македонски, англиски и на албански јазик, чие трето издание вчера го промовираа Македонскиот центар за меѓународна соработка и Заедницата на единиците на локална самоуправа. Првото издание на Адресарот на општините е од 2002 година, а второто е од 2006 година. Адресарот редовно се поставува на веб-страницата на ЗЕЛС и годинава првпат е само во електронска форма.
„Адресарот содржи кратки биографии на градоначалниците, телефони, и-мејл адреси и факсови на општините. Има податоци за членовите на Советот, за училишта, градинки, домови за стари лица, културни институции. (К.Ч.)
|