Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
На прво место

Газдата на А1 обвини за диктатура

Од раните утрински часови адвокатите што се јавуваат како бранители на осомниче��ите во случајот што, пред се', се врзува за името на Велија Рамковски, беа собрани пред скопскиот суд. Никој од нив не знаеше колкумина од оние што завчеравечер беа приведени во неколкуте полициски станици ќе бидат спроведени во кривичниот суд. Адвокатите немаа сознанија кога осомничените ќе бидат спроведено пред истражен судија од Одделот за гонење на организираниот криминал и корупција, а не знаеја за што ќе бидат осомничени Рамковски и управителите на неговите фирми од „Перо Наков“ број 60.

Уште од раните утрински часови паркингот на скопска „единица“ вчера беше испразнет и обележан со полициска лента. Како одминуваше времето, така растеше и тензијата. Многубројни новинарски екипи, од речиси сите медиуми, беа распоредени на платото од каде што се гледаше паркингот и влезот за возила на Основниот суд Скопје 1 - Скопје.

На општо изненадување на насобраните, меѓу кои роднини и блиски на оние што полицијата ги приведе претходната ноќ, со неколку џипови и во придружба на маскирани припадници на специјалните полициски сили беше спроведен сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски.

Со безбол-капа и со високо кренати раце, најверојатно, за да се видат лисиците што му беа ставени на раце, Рамковски извика: „Диктатура на дело! Ова е демократијата на Груевски!“

Веднаш по Рамковски, но со раце скриени под дуксерот што го носеше, во судот влезе и директорката на телевизијата, Анета Кочишки.

Сето ова се случуваше само триесетина минути пред 12 часот, а потоа, наводно од Полициската станица „Карпош“ беа спроведени и другите осомничени. Имено, меѓу двете приведувања не минаа повеќе од петнаесетина минути. И во вториот случај имаше високо кревање на рацете од страна на еден од неколкутемина што вчера беа спроведени на распит.

Од моментот на приведување на осомничените, па се' до почнувањето на кривичната истрага мина еден и пол час. Пред 14 часот бранителите на осомничените се упатија кон Истражниот оддел. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 2216 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 25.12.2010 16:11:16
Велија е во право.Која е пораката на власта.Гледајте што му се случи на газда Велија (порано тој беше со нас).Не ка му мислат другите кои размислуват различно од нас ѓшо ги очекува.Ако ова не е диктатура зарем е сон на бајките во сценарио на владетелите.
Од: Toronto
Датум: 25.12.2010 17:19:37
Prostete, no kriminalot mora da se ischisti. Mozi e tesko ,no mora Makedonija da e chista ako sakame da odime napre.
Од: забеган.
Датум: 25.12.2010 20:25:25
Никој неје против Криминалот да се чисти.Ама треба од Врвот не од опашот.Нели јавно кажа Велија дека му плаќале реклами со Буџетски пари,За патијата да се рекламира.
Од: Boshko
Датум: 26.12.2010 03:27:02
Znachi so ova i dokazuvame na Evropa deka se borime so organiziraniot kriminal,a vo stvarnost go valkame obrazot na Makedonija.
Од: todor
Датум: 26.12.2010 06:40:06
Cela Makedonija e srekna site luge se sretni samo sto lugeto toa ne go iskazuvat javno od nekakov strav bez razlika na pripadnosta toa e cita vistina ,za kriminalcite samo zatvor .BRAVO za vlasta bez razlika koj e na vlast VMRO ili SDSM narodot saka da vidi apsenje na kriminalci i staveni zad resetki toa e prav pogodok ali sega za VMRO na Gruevski.Cestitam.
Од: R.R.
Датум: 26.12.2010 15:27:22
Gazda Velija e eden golem kriminalec i ova go zasluzi !
Од: Goce Nikoloski
Датум: 26.12.2010 16:43:08
Velija mozi da kazuva sto saka, diktatori fasisti itn, no sto ako se dokaze oti e vinoven, vo sekoj slucajtoj sto gubi ima pravo da se luti, inaku nacinot na negovoto apsenje e celosno opravdan ako se zemi vo predvid oti toj ima pronevereno ili zataeno 16.mil. evra toa znaci oti toj ne e obicen danocnik tuku kriminalec od golem kalibar pa i taka treba da bidi tretiran.
Од: pero magacinero
Датум: 27.12.2010 10:44:41
dali i drugite tajkuni ke bidat privedeni,makedonija vrie od aramii,ako metlata na gruevski zapocna da cisti toa treba da go napravi od car do govedar,samo pogledajte sto se raboti na aerodromot vo skopje im se bara pari ako ne im dades tise zakanuvaat so pritvor,policijata toa go gleda i se podsmeva,sigurno ja delat zarabotuvackata

Најди! во Утрински
На прво место
Велија во пајакова мрежа
Драма во медиумите на Рамковски
СДСМ ќе ја гони Јанкулоска зашто го гонела само Велија
ЛДП
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks